Неделен хороскоп од 27 јуни до 3 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела? - Part 2

Неделен хороскоп од 27 јуни до 3 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Вага

Љубов: Најголем дел од слободното време ќе го поминувате во самотија и мечтаење. Доколку веќе сте во врска ќе бидете отуѓени поради некаква причина. Но, не грижете се бидејќи оваа фаза наскоро ќе помине.

Кариера: Ќе преземете акција само кога ќе имате сите информации. Нема да заборавите ниту еден детаљ, но ќе треба да вложите голем труд за да успеете.

Неделен хороскоп од 27 јуни до 3 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Скорпија

Љубов: Веројатно ќе ви биде здодевно овие денови бидејќи нема да бидат исполнети вашите љубовни очекувања. Сепак, не се разочарувајте бидејќи со мир и хумор можете да одржувате солидна врска.

Кариера: Ќе имате впечаток дека околу вас има премногу луѓе со кои морате да комуницирате за неважни работи. Затоа, важно е да направите селекција и да ги одредите вашите приоритети. На тој начин нема да изгубите време на непотребни размислувања.

Стрелец

Љубов: Ќе стекнете нови познанства, но тоа нема да значи и зголемување на интимноста во односите. Ќе настапат и моменти на осаменост.

Кариера: Атмосферата на работното место ќе се подобри, но недостигот од вистинска акција ќе предизвика монотонија кај вас.

Јарец

Љубов: Нема да ви биде многу важно да разменувате нежности со партнерот, туку ќе ви биде доволно сознанието дека сте заедно. Оваа површност ќе биде резултат на неповолниот транзит на планетите.

Кариера: Ќе ги добиете одговорите што ги очекувавте и сега ќе продолжите со вашата борба до крај, односно до самата победа. Ќе бидете толку многу фокусирани на овие промени што нема да забележите ништо друго околу вас.

Водолија

Љубов: Каде и да отидете ќе се чувствувате удобно. Доколку не сте во врска, не пропуштајте ниту една покана дури и ако на почетокот не изгледала ветувачка. Наскоро ќе сфатите дека љубовта ви дава нова можност.

Кариера: Со мали чекори ќе напредувате лека-полека и ќе ги усовршувате своите вештини и способности. Ентузијазмот ќе ви помогне да ги остварите своите идеи и замисли.

Риби

Љубов: Ве очекува мирно секојдневие исполнето со љубов и хармонија. Љубовта ќе ви биде постојан сопатник, а тоа ќе го забележите по честите насмевки, но и уживањето со саканата личност.

Кариера: Ќе се обидете максимално да ја искористите шансата што ви претстои. Затоа, некои од вас ќе бидат подготвени и да работат прекувремено. Некои, пак, ќе добијат покана за важен проект. Сепак, не заборавајте дека најважно од сè е добрата организација.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар