Неделен хороскоп од 16 до 22 мај: Какви можности нè очекуваат?

Неделен хороскоп од 16 до 22 мај: Какви можности нè очекуваат?

Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Неделен хороскоп од 16 до 22 мај: Какви можности нè очекуваат?

Овен

Положбата на планетите нема да ги задоволи вашите љубовни очекувања, па затоа бидете мудри и смирени колку што можете. Доколку сте во врска и доколку вашиот партнер ве повреди на некој начин, не обраќајте премногу внимание затоа што недоразбирањето брзо ќе се реши. На деловен план ви претстојат одлични можности да ги исполните вашите соништа.

Бик

Движењето на планетите ќе ви донесе вистински предизвик во поглед на љубовта. Многумина од вас ќе го препознаат својот вистински идеал што го барале, но нема да бидат целосно задоволни. Во поглед на кариерата, иако вашите соработници ќе покажат одредена наклонетост кон вас, сепак ќе имате тешкотии да најдете заеднички јазик.

Близнаци

Вашите лични односи постепено ќе почнат да се подобруваат, но не толку колку што очекувате. Сепак, ќе биде доволно за одново да се чувствувате среќни. Што се однесува до кариерата, оваа недела ќе биде одлична можност да ги проширите своите знаења, но и да почнете нова соработка со луѓе од вашата професија.

Рак

Во поглед на љубовниот живот, ве очекува период на мир и благосостојба при што ќе вложите заеднички сили со партнерот за да го организирате подобро вашето секојдневие, но и да се забавувате. Од друга страна, вашата способност да се справите со другите ќе се покаже како особено корисна и тоа токму на работното место.

Лав

Дел од вас ќе се чувствуваат прилично осамено во текот на оваа недела. Доколку сте во врска, ве очекува период на предизвици при што ќе ви биде потребна голема присебност за да издржите. На работа ќе верувате дека само вие сте заслужни за постигнувањето успеси. Сепак, тоа нема да биде целосно точно и затоа не занемарувајте го фактот дека и другите вложиле исто толку труд како и вие.

Девица

Ќе вложите сè во љубовната врска иако не секогаш партнерот ќе ви возвраќа во иста мера. Сепак, тоа нека не ве обесхрабрува. Од друга страна, деновите ќе ви бидат исполнети со богат друштвен живот. Во поглед на кариерата, оваа недела ќе биде одличен период за усовршување на вашите вештини и откривање нови детали поврзани со вашата професија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар