Кои здрави состојки се идеални за нега на чувствителната кожа?

Кои здрави состојки се идеални за нега на чувствителната кожа?

Дали честопати се двоумите околу тоа каков тип на производи треба да користите за нега на вашата чувствителна кожа? Во продолжение прочитајте го нашиот список со состојки кои, според експертите, треба да бидат вклучени во вашите секојдневни ритуали доколку сакате да имате прекрасна и негувана кожа.

Кои здрави состојки се идеални за нега на чувствителната кожа?

Е витамин

Е витаминот е неопходна состојка кога станува збор за здравјето на кожата. Помага во создавањето колаген и ја одржува кожата млада и свежа. Освен тоа, ја штити кожата од слободните радикали и ја одржува нејзината хидратација. Витаминот Е најчесто се состои во средства за чистење на лицето како и маските за лице.

Краставица

Вообичаено, експертите препорачуваат поголема употреба на природните состојки, особено доколку станува збор за чувствителна кожа, па така краставицата не е исклучок. Покрај тоа, краставицата не само што ја смирува туку и го зголемува нивото на хидратација на кожата.

Камилица

Чајот од камилица не само што може да ви помогне да се опуштите туку е и одличен избор за чувствителната кожа благодарение на антиинфламаторните својства.

Алое вера

Алое вера е растение кое со децении се користи во медицината. Најчесто се употребува за смирување на изгореници, но може да биде и одлична состојка во негата на чувствителна кожа. Многубројните испитувања докажале дека производите со алое вера можат да ја смират иритацијата и да го намалат воспалението на кожата.

Морски алги

Морските алги се моќна состојка во борбата против слободните радикали. Освен тоа, нивните хранливи состојки ја одржуваат кожата млада и здрава, така што нема да погрешите доколку ги вклучите во вашата секојдневна рутина.

Откако прочитавте кои здрави состојки можете да ги користите за вашата чувствителна кожа, можеби ќе сакате да прочитате и како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар