Неделен хороскоп од 15 до 21 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Неделен хороскоп од 15 до 21 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Што ни предвидуваат астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение!

Неделен хороскоп од 15 до 21 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Овен

Љубов: Знаете дека можете и подобро, но тоа не зависи само од вас. Никој не е совршен, па затоа обидете се да ја прифатите вашата сакана личност таква каква што е и ќе видите дека можете да бидете целосно среќни без непотребни притисоци.

Кариера: Конечно ќе имате можност да го примените вашето знаење во пракса. Сепак, обидете се навремено да ги решите малите недоразбирања во комуникацијата со колегите.

Бик

Љубов: Саканата личност ќе ве поддржува во сè, а комуникацијата меѓу вас ќе се подобри и тоа ќе биде причина плус да бидете среќни. Доколку сè уште не сте во врска, не пропуштајте ги поканите за дружба и забава.

Кариера: Ќе ви недостига енергија да постигнете сè што сте планирале, па ќе се чувствувате уморни и нервозни. Не заборавајте дека од исклучителна важност е да имате добар план. Само така ќе успеете навремено да ги завршите обврските.

Близнаци

Љубов: Ќе има денови кога ќе ви се чини дека ја живеете љубовта од бајките, а понекогаш, пак, ќе ви се чини здодевна и монотона. Затоа, обидете се да воспоставите хармонија и баланс во односите со партнерот.

Кариера: Пред вас се нови предизвици кои бараат внимателен и паметен пристап. Тоа ќе значи и поголема соработка со колегите што може да доведе и до прифаќање компромиси.

Рак

Љубов: Веројатно ќе бидете оддалечени од саканата личност овој период. Ќе ги пребродите „заладените“ односи со хумор и позитивен став, но сепак внимавајте да не претерате со шегите.

Кариера: Ќе ги искористите минатите резултати и успеси како поттик за да продолжите понатаму. Не заборавајте дека сега не е време за пауза и дека морате да дадете сè од себе доколку сакате напредок.

Лав

Љубов: Љубовниот живот ќе ви стане потивок и дискретен без никакви авантури и возбуди. Така, ќе сакате да го поминете времето со партнерот на мирни, тивки места. Оние кои не се во врска имаат можност да запознаат нова личност, и тоа токму на работното место.

Кариера: Ќе ви се чини дека сè можете самите да постигнете. Сепак, не заборавајте дека помошта и поддршката од другите ќе придонесат да постигнете поголеми резултати.

Девица

Љубов: Ќе се зголеми потребата за интимност. Затоа, ќе претпочитате да го поминете времето со партнерот дома, во тивка атмосфера. Доколку не сте во врска, поголемиот дел од времето ќе го поминете во мечтаење, а тоа ќе значи помалку можности за дружење и љубов.

Кариера: Ослободете се од дилемите кои се појавуваат кога работите не се движат во посакуваната насока. Можеби на крајот сè ќе заврши многу подобро отколку што сте замислиле.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар