Неделен хороскоп од 15 до 21 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела? - Part 2

Неделен хороскоп од 15 до 21 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Вага

Љубов: Ќе бидете сигурни во вашите чувства и без оглед на надворешните околности, нема да дозволите ништо да ве оттргне од вашиот љубовен пат.

Кариера: Како што одминува неделата, сè повеќе ќе го насочувате вниманието кон непотребни работи, па така во еден момент ќе ви стане јасно дека сте ја игнорирале реалноста. Не заборавајте ги своите обврски доколку сакате поголеми резултати.

Неделен хороскоп од 15 до 21 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Шкорпија

Љубов: Љубовта ќе ви биде сопатник во сето она што го правите. Сепак, одвреме-навреме ќе наидувате и на несоодветни критики од другата страна. Игнорирајте ги.

Кариера: На почетокот на неделата ќе имате впечаток дека вашето знаење и стручност не се доволно вреднувани од страна на другите. Но, како што ќе одминуваат деновите, вашите колеги и соработници сè почесто ќе го бараат вашето мислење.

Стрелец

Љубов: Ве очекуваат интересни искуства преку кои ќе откриете нешто ново. Така, ќе сфатите дека постојат многу заеднички работи меѓу вас и вашиот партнер. Доколку сте слободни, пак, ќе бидете отворени за нови искуства.

Кариера: Бидете подготвени бидејќи ве очекува привремена работа. Сепак, тоа нека не ве плаши бидејќи ќе ви бидат доволни план и добра организација за навремено да ги извршите работните обврски.

Јарец

Љубов: Пред да се впуштите во озборувања, сетете се дека и вашата љубовна врска може да биде мета на туѓи озборувања. Затоа, првин средете ги недоразбирањата во вашиот приватен живот, а потоа анализирајте ги туѓите односи.

Кариера: Држете се до она што сте го замислиле и обидете се да го спроведете на дело без да отстапите. Имате одлични идеи.

Водолија

Љубов: Ќе бидете опуштени и желни за заведување. Саканата личност ќе биде постојано покрај вас, а тоа ќе ве зближи уште повеќе.

Кариера: Ве очекуваат нови можности, а како и дали ќе ги искористите зависи само од вас. Бидете позитивни, трпеливи и продолжете да се движите напред. На тој начин ќе стигнете поблиску до целта.

Риби

Љубов: Доколку сè уште барате сродна душа, погледнете околу вас и обратете внимание на луѓето со кои работите. Доколку сте во врска, ве очекуваат стабилни односи, но со одредени компромиси. Прифатете ги.

Кариера: Понекогаш ќе ви недостигаат мотивација и енергија за да ги реализирате вашите цели. Сепак, не заборавајте дека можете сè да постигнете доколку вложите повеќе труд.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат само проблеми сè до 22 август.

Извор: atma.hr 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар