Летни пресврти: Кој хороскопски знак ќе ви го разгори љубовниот живот?

Не се знае дали станува збор за високите температури и сонцето во летните месеци или пак, луѓето во топлите денови се повеќе подготвени на љубов, но на многумина им е познато дека во овој период настануваат најголемите љубовни пресврти. Новите познанства кои лесно прераснуваат во страсни љубовни авантури ќе изобилуваат во текот на ова лето, па токму затоа погледнете што ве очекува и вас…

Летни пресврти: Кој хороскопски знак ќе ви го разгори љубовниот живот?

Овен

Заедно со Стрелецот вие ќе поминете незаборавни моменти. Тој позитивно ќе влијае врз вас бидејќи ќе му ги проширите видиците, додека пак тој ќе ви помогне правилно да ја насочите вашата енергија. Од друга страна пак, во заедничката постела, вие ќе доживеете необјасниво задоволство и ерупција од страст.

Бик

Ќе остварите интуитивен однос со Девица кој ќе биде проследен со длабоко разбирање. Токму нејзината мудрост и практичност е она кое вам ви одговара, а во комбинација можете многу нешта заедно да остварите. Вие истовремено ќе бидете и пријатели и љубовници.

Близнаци

Лавот е дефинитивно оној кој ова лето ќе го освои вашето тело, но и вашето срце. Тој ќе ви овозможи огромна сигурност, но и чувство на слобода и опуштеност.

Рак

Скорпијата целосно ќе ја разбира вашата потреба за сигурност и семејство, па токму затоа ќе се разбирате во однос на сите погледи. Во креветот ќе се согласувате подеднакво добро како и надвор од него. Со оваа личност вам никогаш нема да ви биде здодевно.

Лав

Вие ќе се согласувате многу добро со Овенот, а тој ќе ги следи сите ваши желби и потреби. Вашиот однос ќе биде исполнет со разбирање, дури и покрај тоа што одвреме-навреме може да се појават мали караници. Во сексот целосно ќе си одговарате еден со друг.

Девица

Јарецот ќе ве разбере во целост и ќе се обиде да ви овозможи сè што ви е потребно, вклучувајќи ја и заштитата и љубовта. И двајцата ќе имате исти цели и огромна волја заедно да работите на нивното остварување.

Вага

Водолијата ќе знае како целосно да ги задоволи сите ваши потреби, па токму затоа и со неа никогаш нема да ви биде здодевно. Таа во секој момент ќе знае како да постапува со вас, дури и во потешките периоди.

Скорпија

Рибите ќе ви овозможат истовремено и страст и романса. Тие исто така и ќе ги разберат вашите ненадејни промени на расположение, но и лесно ќе ги поднесуваат сите ваши маани. Со нив вие ќе доживеете вистинска хармонија.

Стрелец

Овенот ќе знае како да ви го овозможи неопходното возбудување и акција. Тој ќе успее да ги открие дури и најскриените делови од вашата личност, па токму затоа покрај него ќе се чувствувате спонтано и слободно. Во кревет ќе доживеете незаборавна експлозија од страст.

Јарец

Вие постојано трагате по чувството на сигурност кое Бикот може да ви го овозможи. Вие ги цените истите вредности па токму затоа и совршено ќе се усогласите емоционално. Вашата врска би можела да има светла иднина, бидејќи ќе биде подеднакво возбудлива, но и сигурна за двајцата.

Водолија

Близнаците најдобро ќе ги разберат вашите потреби, промени на расположение, како и желбата да ја задржите вашата индивидуалност. Тие никогаш нема да се обидат да ја променат вашата личност, ниту навиките, па токму затоа и покрај нив ќе се чувствувате слободно. Од друга страна пак, никогаш нема да ви недостасуваат теми за разговор.

Риби

Ракот целосно ќе ви се предаде, а со тоа и ќе ја намали вашата љубомора. Доколку и тој од вас го добие истото, има големи шанси да ја доживеете најголемата љубов во вашиот живот. Тој ќе знае како да ве задоволи и како допре до вашата душа.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар