Кошмарот што го имате најчесто според вашиот хороскопски знак

Кошмарите можат навистина да влијаат на вашето расположение. Иако се случуваат само во вашата глава, понекогаш лошите соништа се толку живописно реални, што на крај се будите навистина вознемирени. Додека имате кошмар, не сте свесни за тоа и верувате дека лошиот настан навистина ви се случува.

Кошмарот што го имате најчесто според вашиот хороскопски знак

Лошите соништа секогаш потекнуваат од нешто реално – вашиот страв. Па на некој начин, кошмарот е манифестација на стравовите или анксиозноста што ги имате. Тоа е начин вашите мисли од потсвеста да излезат на површината. Бидејќи секој хороскопски знак си има различен сет стравови, погледнете кои се најчестите кошмари на секој знак од Зодијакот.

Овен: Голи сте во јавност

Вие сте навистина исплашени од тоа да бидете ранливи или посрамотени. Да откриете дека сте голи во јавност е вашиот најголем кошмар, а сигурно сте го имале многупати.

Бик: Паѓање

Вам ви е потребно чувство на безбедност и стабилност за да се чувствувате добро. Па кога мислите дека губите контрола, најверојатно сонувате како паѓате. Знаете дека кога-тогаш ќе удрите во земјата и не можете да направите ништо во врска со тоа.

Близнаци: Бркање

Кога имате проблеми, најчесто настојувате да ги избегнете. Поради ова, вашите стравови можат да се манифестираат во сон каде што ве брка некое опасно битие. Не знаете каде да одите и страв ви е дека ќе ве фати.

Рак: Смрт на сакана личност

Вашите сакани ви се толку важни, што понекогаш сте и зависни од нив. Да гледате како некоја сакана личност умира, без разлика колку се обидувате да ја одржите во живот, е кошмар што сигурно сте го имале.

Лав: Паѓање на забите

Кога се чувствувате лошо, настојувате да се чувствувате и несигурно во себе. Ова може да се манифестира како сон во кој ви паѓаат забите. Исплашените сте за вашиот изглед и чувствуваат како да немате контрола.

Девица: Доцнење

Навистина сте разочарани кога доцните на состанок или кога не можете да исполните некое очекување. Поради ова, вашите кошмари ги манифестираат вашите стандарди, па во нив најчесто доцните за нешто.

Вага: Напуштање

Вложувате толку многу во врските, што помислата дека некој сакан може да ве напушти е вашиот најголем кошмар. Без разлика дали сте биле изневерени или напуштени, овој кошмар е навистина застрашувачки.

Скорпија: Опседнување

Вашата фантазија е полна со натприродни нешта, па веројатно сте имале многу кошмари за сеништа, демони и духови. Сонувањето за непознато битие кое ви ја одзема контролата над животот е честа манифестација на вашите стравови.

Стрелец: Заробување

Вие се плашите од врзување и од тоа да бидете заглавени, па најчестиот кошмар ви е сон во којшто сте заробени. Без разлика дали сте заробени во мал простор или во стресна ситуација, овие соништа се навистина застрашувачки.

Јарец: Паѓање на испит

Вложувате толку многу во тоа да бидете совршени и успешни. Помислата да бидете неподготвени за испит, а потоа да го паднете е кошмар што толку многу ќе ве прогонува, што нема ни да сакате да разговарате за него.

Водолија: Невидливост

Вашиот најголем страв е да бидете изолирани и отстранети од општеството. Па, веројатно сте сонувале како сте биле игнорирани или исклучени од нешто. Во најлошиот кошмар што сте го имале, сигурно сте биле невидливи за сите.

Риби: Давење

Често се чувствувате преплавено од притисокот и одговорностите во животот, па вашите кошмари најверојатно често вклучуваат давење. Се борите против нешто што е многу помоќно од вас и не можете да избегате.

Дознајте и кое е значењето на најчестите кошмари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар