Која планета владее со вас според вашиот хороскопскиот знак?

Која планета владее со вас според вашиот хороскопскиот знак?

Иако астрологијата во никој случај не претставува наука, таа наоѓа значење на движењето на ѕвездите и планетите во нашиот Сончев систем. Никој не може да докаже дека небесните тела имаат влијание на нашиот живот, но необјаснивата прецизност на астрологијата ќе ве натера да се замислите. Уште многу одамна луѓето го толкувале универзумот. Всушност, воопшто не сме престанале со ова и го правиме и денес. Според астрологијата, секој од нас има одредени предности и слабости во зависност од денот во кој сме родени. Владејачката планета на секој знак на некој начин е изворот на нашата моќ.

Која планета владее со вас според вашиот хороскопскиот знак?

Значењето на секоја планета се менувало со текот на времето. Корењата на овие значења потекнуваат од вавилонската, римската и грчката митологија. Она што денес ни е познато како астрологија е модернизирање на овие митови. Па, погледнете која е владејачката планета на вашиот хороскопски знак и што тоа значи.

Овен: Марс

Марс владее со желбите, агресијата, страста, гневот и нашите примитивни инстинкти. Во римската митологија Марс е богот на војната. Како хороскопски знак, Овенот ги има овие карактеристики.

Бик: Венера

Оваа планета владее со убавината, луксузот, парите и романсата. Во римската митологија Венера е божица на љубовта.

Близнаци: Меркур

Паметните Близнаци се владеени од Меркур. Во римската митологија Меркур е курирот на боговите. Оваа планета владее со изразувањето, комуникацијата, поврзаноста и интелектот.

Рак: Месечина

Во астрологијата, месечината владее со емоциите, ирационалните одговори, расположението и начинот на кој ги процесирате чувствата. Во римската митологија месечината е женскиот „партнер“ на сонцето.

Лав: Сонце

Храбриот Лав е владеен од сонцето. Во римската митологија сонцето е богот Сол. Тоа владее со вашиот карактер, вашата волја за живот, вашиот идентитет и вашето его.

Девица: Меркур

Меркур владее и со Девиците. Ова е планета на анализирањето, рационалноста, технологијата, комуникацијата и конекцијата.

Вага: Венера

Венера владее и со припадниците на знакот Вага. Таа владее со естетиката, хармонијата, харизмата, стилот и богатството.

Скорпија: Плутон и Марс

Мистериозните Скорпии се владеени од две планети. Во римската митологија Плутон е богот на подземјето, додека Марс е богот на војната. Плутон владее со тајните, потсвесното, трансформацијата, смртта и раѓањето, а Марс владее со агресијата, виталноста, желбата и телесните инстинкти.

Стрелец: Јупитер

Овие филозофи се владеени од Јупитер. Во грчката митологија, Јупитер е ист со Зевс. Јупитер владее со знаењето, проширувањето, созревањето и оптимизмот.

Јарец: Сатурн

Вредните Јарци се владеени од Сатурн. Во грчката митологија Сатурн е ист со Крон. Во астрологијата, Сатурн владее со дисциплината, ограничувањата, одговорноста и посветеноста.

Водолија: Уран и Сатурн

И Водолиите се владеени од две планети. Во астрологијата, Уран владее со промената, револуцијата и индивидуализмот. Во римската митологија, Уран е богот на небото. Сатурн од друга страна владее со предизвиците, времето, мудроста, правилата и планирањето.

Риби: Нептун и Јупитер

Се разбира дека и Рибите се владеени од две планети. Нептун владее со соништата, креативноста, фантазијата и заблудата. Во римската митологија тој е богот на морето. Јупитер владее со преземањето ризици, љубопитноста и проширувањето на умот.

Погледнете и кои се најголемите заблуди за хороскопот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар