4 најголеми заблуди за хороскопот

Постојат најразлични заблуди во врска со хороскопот и самите хороскопски знаци, но следниве 4 најмногу се издвојуваат. Откријте дали постои вистина во влијанието на знаците во однос на годините, што вели отсуството на планетата во 7-тата астролошка куќа за бракот, што се случува со оние кои се родени помеѓу два знака, како и разликите помеѓу мажите и жените во однос на поставеноста на Марс и Венера во нивниот хороскоп…

4 најголеми заблуди за хороскопот

1. Карактеристиките на знакот влијаат само до 30-тата година, потоа надвладува подзнакот

Погрешно. Карактеристиките на знакот и подзнакот се само почеток при анализирањето на нечиј хороскоп. Кога станува збор за знаците и подзнаците многу е важно каде е планетата која владее со тој знак, каде е Сонцето и каде е владетелот на подзнакот.

2. Личноста која нема ниту една планета во 7-мата астролошка куќа на бракот нема да стапи во брак

Неточно. Има многу луѓе кои се во долги и среќни бракови, а немаат ниту една планета во 7-тата астролошка куќа која го претставува бракот и партнерските односи. Аспектите кои ги формира владетелот на оваа куќа со другите планети, особено со Венера, Марс, Месечината и Сонцето укажуваат на врските во бракот, односно дали се тие хармонични или не. Еден од најтешките аспекти е опозицијата на владетелот на астролошката куќа на бракот и владетелот на хороскопот. Ова е аспект на „клацкалка“ во која постои исто толку љубов како и нетрпеливост.

Праксата потврдува дека многу често причините за разделување се потешкотиите при остварување врска која води кон брак каде што Уран е во првата астролошка куќа. Уран е планета на бунтот и кога се наоѓа во астролошката куќа на одредена личност, таа во сите партнери наоѓа маани или несвесно ги бира оние со кои остварува динамична врска, но кои на крај ја оставаат или разочаруваат.

3. Личноста родена на крајот од некој знак има повеќе карактеристики од следниот

Ова е релативно точно. Праксата покажува дека личностите кои се наоѓаат на почетокот на знакот имаат повеќе карактеристики на тој знак, особено ако Меркур е во знакот во кој е Сонцето. Колку што е Меркур поблизу до Сонцето, толку повеќе оваа личност ги покажува карактеристиките на тој знак. Кога личноста е родена на преминот помеѓу два знака, таа ги поседува карактеристиките и на двата знака и најчесто е многу талентирана бидејќи ги има карактеристиките и на двата владетели.

Родени на преминот помеѓу Овен и Бик (19 – 21 април)

Тие се многу упорни, шармантни, страсни, интересни, односно ги имаат карактеристиките на оние кои се под влијание на Сонцето, Марс, Плуто и Венера (еротски набој).

Родени на преминот помеѓу Бик и Близнак (22 – 23 мај)

Тие се под влијание на Сонцето, Меркур и Венера, па токму затоа се многу зборливи, духовити, младолики, симпатични, интелигентни и способни за бизнис.

Родени на преминот помеѓу Близнаци и Рак (21 – 22 јуни)

Тие се под влијание на Сонцето, Месечината и Меркур, па токму затоа се многу способни за бизнис. Тие се благородни личности кои имаат многу пријатели и секогаш им се наоѓаат од помош на роднините бидејќи имаат паралелни извори на приходи.

Родени на преминот помеѓу Рак и Лав (22 – 23 јули)

Личностите родени во овој период се екстреми, бидејќи се под влијание на Сонцето и Месечината. Тие се навистина чувствителни, романтични, успешни, благородни и имаат доминантни родители со кои се цврсто поврзани.

Родени на преминот помеѓу Лав и Девица (22 – 23 јули)

Тие се под влијание на Сонцето и Меркур, па затоа имаат остра дарба да забележуваат, способни се за бизнис и за пишување. Лесно се снаоѓаат во сите ситуации и обожаваат да патуваат.

Родени на преминот помеѓу Девица и Вага (22 – 24 септември)

Тие се под влијание на Сонцето, Меркур и Венера. Се трудат секогаш да го зачуваат својот дух присебен, праведни се, шармантни, креативни и талентирани. Успехот го постигнуваат во оние нешта кои бараат од нив да имаат добри рефлекси.

Родени на преминот помеѓу Вага и Скорпија (21 – 23 октомври)

Овие личности се под влијание на Сонцето, Венера и Плутон. Тие бараат многу, малку се диктаторски настроени, знаат што сакаат и се одлични пријатели, но опасни како непријатели.

Родени на преминот помеѓу Скорпија и Стрелец (19 – 22 ноември)

Тие се под влијание на Сонцето, Марс, Плутон и Јупитер. Имаат големи апетити и енормни идеи. Тие се благородни, способни да заработат и често се во врска со личности кои се на „работ“ од законот. Тие исто така се и сензуални, но и неверни.

Родени на преминот помеѓу Стрелец и Јарец (21 – 22 декември)

Овие личности се под влијание на Сонцето, Јупитер, Нептун, Сатурн и Уран. Тие се диктатори, добри организатори, амбициозни, често нереални и воздржани.

Родени на преминот помеѓу Јарец и Водолија (19 – 20 јануари)

Поради влијанието од Сонцето, Сатурн и Уран, тие се пријателски настроени, амбициозни, способни, добри организатори и непредвидливи.

Родени на преминот помеѓу Водолија и Риба (18 – 20 февруари)

Под влијание на Сонцето, Уран, Сатурн, Нептун и Јупитер, тие се нереални, неорганизирани, хаотични, креативни и снаодливи.

Родени на преминиот помеѓу Риба и Овен (19 – 23 март)

Тие се под влијание на Јупитер, Нептун и Марс, па токму затоа многу често губат интерес за одредени проекти пред да ги завршат. Тие се идеалисти, но судрени со реалноста можат да станат песимисти или рамнодушни.

4. За мажите најважно е каде во неговиот хороскоп се наоѓа Марс, а за жените Венера

Повторно, ова е делумно точно. Марс како владетел на Овните и Скорпиите, но кој се возвишува и кај Јарците не мора секогаш да овозможува сексапил, туку често кога е сместен во овие знаци може да даде авторитативност, грубост и склоност кон насилство. Доколку е во хармонична поврзаност со Месечината, Венера и Сонцето, личноста успева својот сексапил да го изрази на машки начин, а ако е во лоша поврзаност, често знае да биде склон кон одмазда и со диктаторско однесување.

Жените со оваа позиција на Марс може да бидат премногу авторитативни и егоистични, бидејќи Марс влијае подеднакво врз нив и нивната свесност за себе. Доволно е жената да го има Марс во некој од овие позиции со лоша поставеност кон Венера и Месечината за нејзиниот љубовен живот да биде комплетен хаос. Ако жената ја има Венера во Бик, Рак или Риби, таа има повеќе шанси да се заљуби отколку доколку ја има оваа планета во Скорпија, Јарец или Девица што ја прави претерано рационална.

Доколку мажот ја има Венера во некој од овие знаци, може емотивно да се врзе со жена која не е страсна и емотивна, туку воздржана и рационална.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Balea Reply

    Недoстaсувa преминoт oд риби кoн овен. Периoд вo кoј ми е рoденден 🙂

Остави коментар