Кои хороскопски знаци се најголеми шегаџии?

Кои хороскопски знаци се најголеми шегаџии?

Можеби нема ништо полошо од тоа некој да се шегува на ваша сметка. „Смешните“ хороскопски знаци уживаат да се шегуваат на туѓа сметка, а некои од нив се навистина горди на тоа. Постои феномен каде што личноста ужива во болката или посрамотувањето на другите. За некои луѓе ова е вид забава. Шегаџиите се и сакани и несакани личности. Додека навистина не сакате да видите како некој се повредува во живот, сепак постојат безброј видеа на кои се прикажани токму вакви ситуации, а ги гледаат речиси сите.

Кои хороскопски знаци се најголеми шегаџии?

Па, кои се овие луѓе и дали имаат некоја слична особина во нивните хороскопски знаци?

1. Девица

Природно злобни и себични, на Девиците им причинува огромно задоволство страдањето на другите, особено ако тоа е последица на глупавост. Ако постои можност некој да направи нешто смешно или глупаво за потоа да се прават шеги на негова сметка, Девицата ќе чека прва во редот.

2. Водолија

Уште еден од знаците без срце. Недостатокот на сочувство кај Водолиите заслужува и олимписки медал. Иако тие имаат лоша смисла за хумор и речиси и да не можат да кажат шега, навистина сакаат да ги гледаат неуспесите на другите. Ако некој успеал да ве измами со трик или практична шега, Водолиите ќе бидат таму и ќе ви се смеат додека вие страдате.

3. Скорпија

Скорпиите се полни со омраза и желба да уништат сè и секого. Единствениот начин да се насмеат е да уживаат во вашата несмасност. Очекувајте секојдневни шеги и ужасни, злобни трикови од овој знак.

4. Јарец

Можеби малку ќе се каат додека се шегуваат со вас, но желбата да ве гледаат како страдате е поголема од каењето. Кај Јарците е чудно тоа што речиси и да не сакаат да направат да изгледате како најголем идиот, но не доволно за да престанат со шегата.

5. Рак

Можеби не ги знаат најдобрите трикови, но заслужуваат да се најдат на оваа листа. Раковите се прикриени садисти. Нивниот садизам прави да се воодушевуваат од понижувањето на другите, па често се шегуваат со нивните добри пријатели. Сепак, тие се убедени дека тоа е навистина смешно.

6. Бик

Полошото нешто од тоа Бик да се пошегува со вас е како Бикот се чувствува откако вие ќе се пошегувате со него. Можеби ќе глумат, но нема да издржат. Тие сакаат да им наштетуваат на другите со цел да се насмеат, но се премногу повредени кога се прават шеги на нивна сметка.

Прочитајте ги и овие брутално искрени факти за секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар