Морничави и нерешени мистерии што ќе ве држат будни навечер

Морничави и нерешени мистерии што ќе ве држат будни навечер

Во светот постојат безброј нерешени мистерии. Но, малку се оние од кои можат да ве полазат морници. Корисниците на Редит споделиле некои од најчудните мистерии за кои чуле или на кои сведочеле.

Морничави и нерешени мистерии што ќе ве држат будни навечер

„Мишел Мискавиџ е сопруга на лидерот на скиентологијата, Дејвид Мискавиџ. Таа исчезна во 2007-ма година и оттогаш не е видена од јавноста. Постојат многу шпекулации дека можеби е мртва или ја чуваат затворена од црквата.“

„Во Франција постои мистеријата наречена Аферата Грегори. Една мајка го земала своето 4-годишно момче од кај дадилката и го оставила да си игра во дворот додека перела облека. 15 минути подоцна момчето исчезнало. Некој му се јавил на чичко му и му рекол: Гo земав момчето. Исто така рекол дека момчето лежело мртво во реката. Момчето било пронајдено мртво со врзани раце и нозе на дното на реката во близина. Целата истрага била навистина чудна и биле обвинети разни членови од семејството. Целата приказна кулминирала кога таткото на момчето убил еден од членовите обвинети за убиството на момчето. Случајот повторно беше отворен минатата година поради нови информации, а судијата кој работеше на случајот се самоуби. Сè уште не се знае кој е виновникот.“

„Исчезнувањето на чуварите на светилникот Елиан Мор. Сцената што ги пречекала луѓето кои отишле да проверат зошто немало одговор била вообичаена, но нешто не било како што треба. 2 од 3-те водоотпорни јакни биле исчезнати. Во кујната речиси сè било нормално, освен еден стол што се наоѓал на подот, а на масата имало недопрен оброк. Ова покажува дека заминале во брзање. Чуварите ги немало нигде. Единствените докази што беа собрани се од дневникот на чуварите. Записите за последните неколку денови биле навистина чудни: Силни ветрови какви што немам видено веќе 20 години. Томас Маршал, личноста што го пишувала дневникот, забележал дека Џејмс Дукат, еден од чуварите, бил премногу тивок и дека третиот асистент, Вилијам Мекартур, плачел. Она што е чудно е што Вилијам бил познат како навистина силно момче, па буритe не би требало да го плашат. Подоцнежните записи од истиот ден покажуваат дека бурата се влошувала и дека чуварите се молеле да престане. Чудно е што светилникот е поставен високо и чуварите биле безбедни од бурата. Покрај тоа, имале искуство. Друга чудна работа е што во целата област околу светилникот немало никаква бура. Времето било навистина мирно. Последниот запис е направен следниот ден: Бурата заврши, морето е мирно. Бог постои, и покрај сè.“

„Еден човек предвидел дека полицијата ќе го убие и поставил доказ за комбиња за набљудување пред неговиот дом. Подоцна го пронашле мртов во неговиот запален дом, а причина за смртта биле рани од нож. Се сметало дека се самоубил а случајот не го привлекол вниманието на медиумите. Иако не е баш „нерешена“ мистерија, сепак е навистина мистериозно.“

„Случајот на Сузан Пауел секогаш ме плаши најмногу затоа што се случи блиску до мојот дом. Во 2009-та година исчезна Сузан Пауел. Следниот ден исчезнуваат нејзините 2 сина и сопругот. Семејството се обидувало да ги контактира, но без резултати. Конечно една сестра го наоѓа сопругот Џош. Тој ѝ рекол дека заминал на кампување со децата. Во работен ден. Во ноември. Не знаел каде е Сузан. Има многу нејасни детали. Пронајдена е крв во домот. Семејството и сопругот изјавиле дека Сузан имала афера и дека избегала со љубовникот. Еден нејзин дневник покажал дека заминала во Јута бидејќи се плашела од таткото на Џош. Им кажала на пријателките дека Џош и татко му сакале да ја „делат“. Властите подоцна пронашле стотици фотографии од Сузан на компјутерот на таткото на Џош за кои таа не знаела дека се направени. Сигурно мислите дека е убиена од Џош или татко му. Но, и покрај сите сомнежи никој не можел да најде цврсти докази. Уште поважно, никој не ја нашол Сузан, ниту нејзиното тело. Неколку години подоцна беше уапсен таткото на Џош бидејќи имал детска порнографија на компјутерот. Во 2012-та година откако Џош се преселил во Вашингтон тој направил експлозија во неговата куќа. Истрагата покажала дека се заклучил во куќата со момчињата и им се заканувал со секира пред сите да се загушат од чадот. Следната година се самоубил и братот на Џош. Денес многумина веруваат дека таткото на Џош знае каде е Сузан, а тој е надвор од затвор. Поминаа речиси 8 години од исчезнувањето. Нема никаква трага од нејзиното тело.“

„Со децении во областа каде што пораснав имаше само една болница. 20 години имаа лоша репутација за грешки и мистериозни смртни случаи. Пред неколку години некој беше убиен во болницата. Убиецот го поминал обезбедувањето по времето за посета, го поминал медицинскиот персонал и ја убил жртвата со перница. Времето поминуваше а новите извештаи кажуваа дека жртвата бил задавена со кабли, па потоа била поставена перницата на лицето. Неколку денови подоцна имаше нов извештај. Немало убиство туку станувало за несреќен случај. Медиумите се откажаа од приказната веднаш по последниот извештај не поставувајќи прашања за измените. Покрај тоа, ако се обидете да побарате онлајн за настанот, речиси сите ги смениле приказните, освен една. Пред околу 20 години сведочев на нешто слично. Смртта на едно момче изгледаше лошо за неговиот работодавец па беше сменета причината.“

„9-годишно девојче си го спакувало ранецот и излегло од дома помеѓу полноќ и 5 часот наутро за време на бура. Неколку моторџии ја забележале по автопатот. Има докази дека поминала покрај некоја кафана. Нејзиниот ранец е пронајден речиси година подоцна во пластична фолија, закопан на градилиште. Девојчето никогаш не е пронајдено.“

„Дали ви е познат случајот ‘Момчето во кутијата’? Едно 7-годишно момче било пронајдено во 1950-тите. Било мртво и било во картонска кутија. Полицијата никогаш не го идентификувала и никогаш не го открила убиецот.“

„Во градот каде што одам на факултет имаше еден бруцош кој исчезна пред неколку години. Беше пронајден претепан до смрт во индустриски парк. Последниот пат кога го виделе пријателите биле на некоја забава. Последната порака што ја оставил на Твитер била: Ако нè собере некој ќе умреме.“

„Едно момче што го познавав беше пронајдено мртво во неговиот стан. Полицијата изјави дека бил нападнат и убиен. Неколку недели подоцна изјавија дека било самоубиство. Момчето се гледаше со ќерката на шерифот од соседната држава. Се расправаа многу а таа често му велеше работи како: Ако умреш никој нема да знае кој те убил. Таа беше психопат и ги удирала претходните момчиња. Тој умре само неколку денови откако раскина со неа.“

„Добро облечен атлетичар е пронајден мртов на австриска плажа. И покрај аутопсијата, не е откриена причина за смртта. Немало никаков документ за идентификација освен лист хартија на кој пишувало Таман Шуд. Никој не бил пријавен како исчезнат. Подоцна е пронајден куфер кој веројатно му припаѓал на човекот со иницијали Т. Кин. Кога информацијата за хартијата била пуштена во јавност, некој човек пронашол чудна книга во неговиот автомобил и хартијата се совпаѓала со скината страница од книгата. Во книгата имало стар код кој никој не може да го дешифрира и телефонски број. Телото било балсамирано и достапно за гледање 6 месеци, но никој не го препознал човекот.“

„Кога бев помлад живеев со мајка ми на село. Бевме сами во куќата и една вечер мајка ми отиде во кујната и пронајде 2 заклани зајаци на подот. Некој влегол во куќата додека гледавме телевизија и ги поставил зајаците без да го слушнеме. Се сеќавам дека потоа седевме кај баба ми неколку недели и не откривме кој го направил тоа.“

„Како дете имав голем и рамен двор. Една вечер врнеше снег и утрото сред дворот имаше огромен отпечаток од стапало. Не беше пар, само едно големо стапало.“

„Има два случаи во Норвешка од 70-тите. Жртвите беа пронајдени изгорени и со модринки длабоко во дивината. Сите етикети од облеката беа отстранети и немаше како да се идентификуваат телата. Никој не одговараше на нивниот изглед и никој не беше пријавен за исчезнат. До денес не се знае ништо за нив.“

„5 мажи си доаѓале дома од натпревар и никогаш не пристигнале. Биле пронајдени 5 месеци подоцна длабоко во една шума без знак за тоа што им се случило или како завршиле таму.“

Прочитајте и за мистериите што науката не може да ги објасни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар