Кои хороскопски знаци се најдобрите покерџии?

Кои хороскопски знаци се најдобрите покерџии?

Многумина од вас ќе си помислат дека игрите на среќа не зависат од некакви фактори, а најмалку од хороскопските знаци. Затоа се одлучивме да ви ја доловиме поврзаноста на покерот со астрологијата и да ви откриеме кои хороскопски знаци би биле најдобри играчи во оваа игра.

Кои хороскопски знаци се најдобрите покерџии?

Покрај факторот со среќа, постојат и други елементи што можат да бидат пресудни за успехот на еден играч. Еден од нив е умешноста играчот да остане смирен во текот на целата игра. Прочитајте во продолжение кои три хороскопски знаци според астрологијата имаат голем потенцијал да бидат добри покерџии.

Близнаци

Близнаците се тешки за „читање“ поради тоа што тие се одликуваат со двојна личност. Едноставно не знаете како ќе реагира противникот роден во овој знак бидејќи тој самиот има две тотално спротивни димензии во себе. Дури и ако ви се чини дека сте му ја нашле слабата точка, тоа не мора да ви биде гаранција затоа што може да преовладее другиот аспект од неговата личност и да ви го упропасти целиот концепт.

Јарец

Луѓето родени во овој знак се навистина опуштени по природа и како што би рекле некои „кул“. Ја играат својата игра, упорни се, а интересно е тоа што нема да настанат никакви промени во нивниот пулс и изразот на лицето без разлика на текот на играта. Таа упорност и смиреност може да ги фрустрира ривалите, па така не е за чудо што Јарците се секогаш во водство пред другите играчи.

Водолија

Астролозите тврдат дека луѓето родени во знакот на Водолија се едни од најдобрите кога станува збор за одржување смиреност особено за време на играта. По природа тие се ладнокрвни и прилично скржави кога станува збор за покажување на емоциите, па не им е тешко да бидат „мртви ладни“ дури и кога ги држат најсилните карти во раце. Никогаш нема да знаете дали блефираат или не затоа што нивната вродена ароганција и онака ќе ви изгледа сомнително.

Откако прочитавте кои хороскопски знаци се најдобри покерџии според астролозите, можеби ќе сакате да дознаете и кој ви е среќниот број во игрите на среќа според вашиот хороскопски знак.

Извор: astrolook.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар