Секој хороскопски знак има среќен број во игрите на среќа: Дали знаете кој е вашиот?

Секој хороскопски знак има среќен број во игрите на среќа: Дали знаете кој е вашиот?

Колку се големи вашите шанси за добивка на лото? Хороскопот може да ви помогне да го откриете тоа!  Проверете во кои денови ви е среќата наклонета и кои се вашите добитни броеви.

Секој хороскопски знак има среќен број во игрите на среќа: Дали знаете кој е вашиот?

Овен

Овенот често добива во игрите на среќа, пред сè на лотарија. Затоа, го пополнува своето лото ливче во вторник, затоа што вторник е неговиот среќен ден. Тој интензивно и импулсивно ги избира броевите кои му текнуваат во моментот и оние за кои смета дека му се среќни. Тоа се броевите кои го сочинуваат неговиот датум на раѓање, бројот на букви во одредено име и презиме и слично. На секое негово лото ливче стои и бројот 1. Овој број може да биде и во комбинацијата на броевите 11, 21, 31. Никогаш нема повторно да ги одбере броевите кои не му донеле добивка.  Зошто Овните би го промениле овој начин на игра, доколку им носи добивка?

Бик

Бикот сака да добива, но тој не ги планира добивките. Веднаш штом го пополни своето лото ливче, сумата која ја уплатил ја смета за загуба. Ливчето го пополнува само со „заокружени цифри“. За 13-ката смета дека нема да му донесе среќа. Но, верува дека добивка може да му донесе бројот 25. Речиси секогаш го запишува и бројот на куќата во која живее, и доколку бројот е низок или висок, тогаш тој број  го множи или дели. Повеќето од броевите се повторуваат секоја недела, што е доказ за неговата упорност.

Близнаци

Игрите на среќа се возбудливи и во нив учествуваат и Близнаците. Нивни главен адут се броевите од сметките кои ги добиваат додека пазаруваат во супермаркетите и другите продавници. Тие, овие броеви ги делат, множат и собираат. Близнаците, сепак, остануваат верни на бројот 2. Овој број, во различни комбинации, се наоѓа на секое нивно лото ливче. Љубителите на фудбалот ги внесуваат броевите на дадени голови на натпреварот. Баш поради бројот 2, кој доминира во нивната игра, тие сметаат дека среќата не им е наклонета. Сепак, не е лошо понекогаш и да го променат мислењето.

Рак

Раковите пополнуваат лото ливче, но малку од нив веруваат дека ќе добијат. За да не дознаат другите, Ракот тајно го пополнува ливчето. Сепак, и покрај тоа што не верува во добивка, има план како ќе ја потроши евентуалната добивка. Броевите ги добива од семејната архива, датумот на раѓање на сопругата, децата, родителите и се разбира, неговиот датум. Понекогаш тие броеви ги дели. На пример, ако знае дека ќе патува 214 километри, тогаш ги издвојува броевите 2 и 14. Оние најмистичните Ракови купуваат книги за пирамидите, а во нив има толку многу броеви што ќе ги обезбедат со „материјали“  за играње лото до крајот на животот.

Лав

Лавот има среќа. Зошто не би имал и во игрите на среќа? Навистина е невозможно да изгуби. Кога ги избира броевите, тогаш тоа се „неговите“ броеви. Тоа се броевите од неговиот датум на раѓање, од регистерската табличка на автомобилот, бројот на големина на облеката која ја носи, неговата височина… Негови среќни броеви се 3, 33, 7, 35. Бројот 13 го бира само по грешка или кога нешто убаво се случува на 13-ти во тековниот месец.

Девица

Девиците не веруваат во игрите на среќа, но сепак играат лото. Навистина, тие го прават тоа повремено, но системски. Системите ги составуваат сами затоа што не им веруваат премногу на другите. Систематични се, веруваат во логика, запишуваат броеви кој се веќе извлечени и од тоа донесуваат одлуки. Посебно веруваат во претпоставката дека ретко извлечените броеви, сепак, некогаш ќе дојдат на ред. Бројот 4 мора да биде меѓу тие броеви. Девиците не брзаат, па затоа го пополнуваат своето ливче неколку недели однапред доколку одат на долги патувања или одмори. Имаат добар карактер и нема да се лутат доколку не добијат. Им се препорачува да го помножат нивниот број 4 со другите броеви во рамките на системот.

Вага

Родените во знак на Вага сакаат да живеат на висока нога. Но, тие се свесни дека не може секогаш да биде така. Тие не се „расфрлуваат“ и не се задолжуваат. Изгледа, затоа се обидуваат нешто да добијат и преку игрите на среќа. Броевите ги бираат по нивниот изглед: убави и неубави, но и оние кои делуваат хармонично кога ќе се напишат. Тие, на пример, сметаат дека броевите 22, 44, 11 се убави, па затоа често ги бираат за нивното ливче. Вагата има свој „таен“ систем, на пример, бројот на листови на некои растенија кои им се во близина. Среќа може да им донесе и сумата која е платена за некој подарок за драга личност.

Скорпија

Кој има, а кој нема право да освои лото? Скорпијата сака да го знае ова и смета дека и таа треба да биде меѓу оние кои добиваат. Не се заситува и не се задоволува со една или со ретка добивка. Всушност, таа сака секоја уплата да ѝ биде добитна. Избира броеви што скоро никој не ги избира. Сака да биде сама и често размислува за големи добивки. На пример, таа ќе ги внесе броевите 4 и 5, бидејќи, наводно, другите ретко ги бираат. Или, да речеме, 19 и 21. Бројот 7 секогаш се наоѓа на нивното лото ливче, така што ова им олеснува да ги изберат останатите броеви. Ова комбинирање, кое го применува Скорпијата, има свои варијанти. Не само што ги внесува броевите кои се наоѓаат еден до друг, туку и оние броеви кои се под или над другите. Таа не се двоуми да запише броеви за кои се верува дека се недобитни, како што се 13 и 7. Тие дури од инает ќе ги запишат сите, од 7 до 13.

Стрелец

Овој знак често добива на игрите на среќа, но и кога губи, не се лути. Стрелецот смета дека секој број кој го внесува на своето лото ливче мора да има свое значење. Скоро секогаш тоа се броеви кои ја означуваат историјата: победа во некоја војна, раѓање на голем човек, важни историски датуми. Но, најголемо значење за Стрелецот има бројот 9 и тој број редовно го запишува. Значајни му се и броевите кои означуваат настани од неговиот живот: годината кога ја доживеал првата љубов, датумот на првиот бакнеж, распустот, оздравувањето по некоја болест. Тој смета дека тоа се „живи“ броеви поврзани со него и дека ќе му донесат среќа.

Јарец

Луѓето во овој знак обично се прилично рационални. За жал, Јарецот „знае“ дека има години кои не му носат среќа на ова поле, бидејќи односот учесник – победник во тие години не е на нивна страна. Сепак, Јарецот пополнува лото ливчиња, но тоа го прави повремено, внимателно проучувајќи ги системите, посебно тајната на броевите. Избира броеви кои ги откриле разни експерти со мерење на висина, длабочина, ширина и слично. На пример, висина на некоја планина, која ќе може да ја разложи на броеви од кои е составена, па да ги множи, дели, собира овие бројки… Тој прави комбинација и од неговата височина, иако тоа не е голем број, бидејќи Јарците обично се со среден раст.

Водолија

Кој ќе добие ако не Водолијата!!! Тоа е нивното длабоко уверување. Затоа, листот треба да се пополни ексцентрично. Дури и со врзани очи, таа ќе ги одбере броевите кои ѝ се блиски во моментот. Водолијата е таква. Брзо ги наоѓа броевите за внесување. На пример, броевите ќе бидат земени од датумот кога го пополнува ливчето или од времето кое го покажува часовникот во моментот. Вистинската Водолија никогаш нема да внесе ист број двапати, затоа што тоа би било досадно и неинвентивно. Таа претпочита да ги брои скалите во куќата каде што живее или да го праша својот сопруг или сопруга кој број моментално му/ѝ поминува низ мислите. На тој начин брзо и лесно го пополнува лото ливчето, но сепак очекува добивка.

Риби

И Рибите со нетрпение ја чекаат својата добивка. Се надеваат, но не знаат точно што би правеле со толку пари. Тие ги пополнуваат своите лото ливчиња со помош на суеверие. Кои броеви ќе ги изберат? Се разбира, оние во кои веруваат, оние кои понекогаш им се среќни. На пример, датумот кога добиле покачување на платата,  или кога избегнале сообраќајна несреќа. Тие често сонуваат броеви и ги запишуваат веднаш штом се будат.

Можеби сакате да дознаете и кои хороскопски знаци се најдобри возачи?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар