Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Британскиот уметник Џастин Бејтмен ја наоѓа инспирацијата во природниот пејзаж, па така создава привремени уметнички дела од камчиња. Уметникот моментално живее во Тајланд на чии плажи, шуми и железнички остава свои траги преку привремените детални портрети со камчиња.

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Од познати лица па сè до врвни уметнички дела, секој мозаик го доловува субјектот преку ограничената палета на бои на камчињата. Џастин никогаш не ги планира своите портрети однапред. Наместо тоа, тој ги остава камчињата самите да одлучат во која насока ќе се одвива уметничкото дело.

„Уметноста секогаш треба да биде неограничена, а сепак, во нејзината ограниченост ја наоѓам слободата“, вели тој, „Убавината во целиот овој процес е што немам идеја како ќе изгледа мозаикот на самиот почеток од неговото создавање“, објаснува Џастин.

Потребни се неколку дена за да се направи еден ваков портрет со камчиња, но уметникот не се приврзува за неговите мозаици. Тој се инспирирал од духовната пракса на тибетските монаси кои создаваат мандали од песок, а потоа ги уништуваат. Ова служи како потсетник за непостојаноста на животот, тема која ја истражува и Џастин. Најголемо задоволство наоѓа во фактот дека природата на крајот ќе си ги земе материјалите што тој ги користи.

„Моите дела се привремени, јас оставам само траги“, вели тој.

Иако секој од мозаиците е „осуден“ да исчезне, сепак Бејтмeн го фотографира за да има свој дигитален спомен. И тоа за среќа ни овозможува и нам да им се восхитуваме на неговите прекрасни дела.

Во продолжение погледнете дел од неговите импресивни мозаици.

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд

Откако прочитавте за овие прекрасни мозаици со камчиња, можеби ќе сакате да прочитате и за необичните мозаици со портрети инспирирани од африканската култура.

Извор: mymodernmet.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар