Кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица?

Кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица?

Ни претстои возбудлива астролошка недела со оглед на тоа дека сè уште сме под влијание на ретроградниот Меркур, а од 25 септември нè очекува младата Месечина во знакот Вага. Сепак, најсилно енергетско влијание ќе има есенската рамноденица или почетокот на есента на 22 септември. Еве кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица!

Кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица?

Овен

Нема поубаво чувство од сознанието дека сте ги завршиле сите ваши задачи. Сега сте подготвени да се опуштите со оглед на тоа дека сте ослободени од обврски. Ќе уживате во друштвото на блиските, лесно ќе се поврзувате со другите и ќе посакате да освоите нечие срце. Ќе бидете самоуверени и духовити, лесно ќе ги мотивирате другите и ќе ги поттикнете на акција. Меѓу другото, есенска рамноденица може да ви донесе и нова љубов.

Бик

Романтичната Венера ќе раководи со вашата петта куќа на љубовта, страста и задоволството, а тоа најверојатно значи дека ве очекуваат убави моменти со некој кој ви го заробил срцето. Но, за време на есенската рамноденица можно е и да се посветите повеќе време за себе и своите потреби. Ќе импровизирате, ќе бидете спонтани, а љубовта и романтиката ќе бидат ваши сопатници. Освен тоа, во поглед на кариерата ве очекува продуктивен период – постои голема веројатност дека вашите идеи ќе бидат одобрени и дека ќе заработите стабилен приход.

Рак

Ве очекуваат возбудливи вести на љубовен план. Меѓу другото, можно е да добиете информација и за унапредување на работа. Месечината ќе владее со вашата втора куќа на парите и стабилноста, а тоа значи дека ве очекува зголемување на приходот. Време е да свртите нов лист во вашата кариера! Покрај тоа, енергијата на есента ќе ве поттикне и да го преуредите вашиот дом и да внесете повеќе позитивна енергија во вашата оаза.

Откако прочитавте за 3-те најсреќни знаци за време на есенската рамноденица, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе имаат финансиски проблеми оваа есен.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар