Како се однесува секој хороскопски знак ако ве гледа само како пријател?

Ако чувствувате дека почнавте да се заљубувате во вашиот пријател, но не сте сигурни дали и тој го чувствува истото за вас, астрологијата може да ви помогне да го откриете тоа. Погледнете како се однесува секој хороскопски знак ако ве гледа само како пријател.

Како се однесува секој хороскопски знак ако ве гледа само како пријател?

Овен

Овенот се труди да биде стројник и да ве поврзе со некој од неговите пријатели затоа што смета дека ќе бидете симпатичен пар.

Бик

Ви се обраќа со „другар“ и истакнува дека ве смета за брат или сестра.

Близнаци

Тие детално ви кажуваат за нивните средби со други луѓе затоа што никогаш не би помислиле дека сте љубоморни.

Рак

Ракот избегнува да се дружи со вас насамо и се среќавате само во групи.

Лав

Лавот не се вознемирува кога спомнувате симпатии или кога флертувате со некоја личност пред него.

Девица

Девиците ретко ќе ве допираат. Дури нема ни да седат премногу блиску до вас. Нема да ви дозволат да влегувате во нивниот личен простор.

Вага

Вагата никогаш нема да ви прати порака прва затоа што не мисли на вас во текот на денот.

Скорпија

Комплиментите што ви ги даваат звучат исто како комплиментите што им ги даваат на сите останати.

Стрелец

Стрелците ги споделуваат своите најлоши приказни со вас затоа што не се трудат да ве импресионираат.

Јарец

Јарецот ќе ви раскажува за своите симпатии. Тие се отворени кон луѓето што ги сакаат.

Водолија

Ќе ве прашува за љубовни совети и ќе ви се жали од сегашниот партнер.

Риби

Никогаш нема да се трудат да изгледаат убаво кога ќе се сретнете насамо.

Прочитајте што прави секој хороскопски знак кога се сомнева во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар