Како полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци?

Како полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци?

Супер полната Месечина го означува крајот на една фаза од нашите животи и ни ја отвора вратата за нешто ново и подобро. Сè што треба да направиме е да ја искористиме нејзината енергија и да започнеме со позитивна трансформација. Во продолжение прочитајте како полната Месечина ќе влијае врз вашиот хороскопски знак.

Како полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци?

Овен

Ќе бидете постојано зафатени и ќе имате впечаток дека нешто постојано се случува. Игнорирајте ги грижите и проблемите од минатото и обидете се да се фокусирате на сегашноста. Не заборавајте ја потребата и од ентузијастичкиот пристап кон она што го работите.

Бик

Полната Месечина ќе влијае врз вашата осма куќа (секторот на тајни и мистерии). Со други зборови, Месечината ќе ви пружи можност длабоко да размислите за сето она што ви се случува. Ќе сфатите што е она што ве оттргнува од посакуваната насока.

Близнаци

Пред неколку недели овој лунарен циклус започна токму со младата Месечина во знакот Близнаци. Со оглед на тоа дека оваа Месечина ќе влијае врз вашиот сектор на љубовните врски, во следниот период треба да внимавате на комуникацијата со партнерот.

Рак

Полната Месечина ќе влијае врз секторот на вашето здравје и затоа сега е одлично време да му посветите повеќе внимание. Освен тоа, сега ќе биде и идеален период да направите планови за иднина, но внимавајте да не претерате. Не заборавајте и да одвоите време за одмор.

Лав

Полната Месечина ќе влијае особено врз вашиот сектор на креативноста и изразувањето. Така, благодарение на Месечината ќе бидете полни со енергија и ентузијазам и тоа за работите што најмногу ве интересираат. Сепак, внимавајте бидејќи полната Месечина не е најдобро време за нов почеток.

Девица

Под влијанието на полната Месечина ќе почнете да размислувате како да ги реализирате вашите желби и амбиции, како да одвоите време за нив, но и да процените дали вашите обиди ќе вродат со плод или не. Доволно е да се движите чекор по чекор, а тоа ќе ви помогне полесно да дојдете до потребните одговори.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар