5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

Војните и природните катастрофи во последните дваесеттина години за жал уништиле места со големо историско значење. Денес можеме само да читаме за нив и да се служиме со фотографии и пишани извори за да видиме како изгледале.

Алепо, Сирија

Во граѓанската војна во Сирија животот го загубиле повеќе од половина милион луѓе. Иако војната денес е завршена, сепак еден од најстарите градови во светот, Алепо, е уништен засекогаш. УНЕСКО проценил дека дури 60% од оставнината на градот Алепо кој се наоѓа на листата на светско наследство е оштетена, а 30% се уништени засекогаш. Тука спаѓа и големата џамија изградена во периодот меѓу 8 и 13 век.

5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

 

Палмира, Сирија

Друг град кој е дел од листата на светското наследство на УНЕСКО, Палмира, кој потекнува од 1 и 2 век, била уништена од страна на милитантите на ИСИС. Тие го уништиле храмот во Палмира стар околу 2000 години и триумфалната капија стара 1800 години.

5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

Долина Катманду, Непал

Повеќе од 9000 луѓе ги загубиле своите животи за време на разорниот земјотрес што го погодил Непал во 2015 година. Земјотресот уништил и многубројни средновековни градби во долината која се протега меѓу градовите Катманду, Бактапур и Патан. Според УНЕСКО, во оваа природна катастрофа биле оштетени околу 690 историски објекти, од кои 130 целосно се урнале.

5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

Будистички статуи во Бамијан, Авганистан

Во 2001 година Талибанците уништиле две будистички статуи во долината Бамијан во Авганистан. Станува збор за скулптури кои потекнуваат од 5-ти век, високи 55 и 38 метри. Преку нивното уништување, Талибанците сакале да избришат сите траги на авганистанската „предисламска историја“. Долината Бамијан во минатото била важен културен, верски и трговски центар на патот на свилата, а овие скулптури се сметале за дел од највисоките скулптури на Буда во светот.

5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

Национален музеј на Бразил

Во 2018 година огромен пожар го зафатил бразилскиот национален музеј во Рио кој поседувал околу 20 милиони артефакти при што биле уништени дури 93% од нив. Денес сè уште трае неговата реставрација, но очигледно е дека најголем дел од предметите се изгубени засекогаш.

5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

Откако прочитавте за овие 5 историски места кои се уништени засекогаш, можеби ќе сакате да прочитате и за 11-те туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар