Како ќе ни влијае ретроградното движење на Меркур во следниот период?

Како ќе ни влијае ретроградното движење на Меркур во следниот период?

На 10 септември Меркур го започнува своето ретроградно движење кое ќе трае сè до 2 октомври.

Како ќе ни влијае ретроградното движење на Меркур во следниот период?

Можеби веќе и сте ги почувствувале знаците кои укажуваат на ова движење. Нештата се одвиваат со намалено темпо, чувствувате некаков немир, наидовте на дефекти, грешки или одложувања.

Со оглед на тоа дека ретроградното движење на Меркур ќе биде во знакот Вага, нашето внимание ќе биде насочено кон нашите односи. Така, ќе ни биде важно како комуницираме со другите, што мислиме за односите со другите, какви информации добиваме од надворешниот свет и што тие претставуваат за нас.

Бавното темпо ќе ни помогне подобро да видиме и да слушнеме. Освен тоа, нешто што било потиснато и скриено ќе излезе на површина. Кога тоа ќе се случи, ќе ни биде полесно да донесеме одлука. Секогаш постои некаква недовршена приказна од минатото. Затоа, не чудете се доколку добиете порака или повик од личност која долго време не сте ја виделе.

Меѓу другото, ова не е идеално време за нови почетоци. Згора на тоа, не очекувајте премногу од луѓето кои ќе ви пристапат и ќе ви понудат нешто. Почекајте малку за да видите како ќе се одвива ситуацијата…

Што сакате да кажете, но не се осмелувате да го направите тоа? Што сакате да прашате и дали сте плашите од реакцијата на другата страна? Што и кој ве прави несигурни и збунети? Дали некој си игра со вас и ви испраќа збунувачки сигнали?

Најважно од сè е да сфатите што чувствувате и да бидете трпеливи бидејќи сè ќе стане јасно. Кога-тогаш сè ќе си дојде на свое место и покрај фактот што во моментов сè се чини неизвесно.

Освен тоа, можете ли да се сетите што се случи помеѓу 27 септември и 18 октомври минатата година кога Меркур исто така беше ретрограден во знакот Венера? Можеби претстојните настани на некој начин ќе зависат од искуствата што сте ги имале во тој период.

Сепак, Меркур привремено ќе се врати во знакот Девица од 23 септември до 10 октомври. Во овој период неизбежно ќе биде чувството на нов почеток, а простувањето ќе ви помогне полесно да се справите со лошите искуства од минатото.

На 2 октомври циклусот ќе заврши, а на 17 октомври кога Меркур ќе се врати на позицијата од каде што започнало неговото ретроградно движење, сè што останало необјаснето ќе се разјасни. Токму тогаш Сатурн ќе биде во квадрат со Уран, а тоа ќе придонесе за судир помеѓу минатото и иднината. Прашањето кое неизбежно ќе се појави во овој период е: по кој пат сакате да продолжите да чекорите?

Откако прочитавте како ќе ни влијае ретрограден Меркур, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 2 дена во септември треба да обратите внимание.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар