Ако сите возиме велосипед како Холанѓаните, глобалните емисии на јаглерод диоксид ќе се намалат за 756 милиони тони!

Ако сите возиме велосипед како Холанѓаните, глобалните емисии на јаглерод диоксид ќе се намалат за 756 милиони тони!

Градот Амстердам е познат по многу работи, а една од нив е велосипедската култура. Најновото истражување на универзитетот во Јужна Данска објавено во списанието Communications Earth and Environment, сугерира дека ако сите во светот возат велосипед како Холанѓаните, глобалните емисии на јаглерод диоксид би се намалиле за неверојатни 756 милиони тони!

Ако сите возиме велосипед како Холанѓаните глобалните емисии на јаглерод ќе се намалат за 756 тони!

Луѓето во Холандија возат велосипед во просек околу 2,6 километри дневно. На сите нам ни е добро познато дека возењето велосипед не само што го намалува загадувањето на животната средина туку и ни помага да останеме физички активни и на тој начин го намалува ризикот од одредени заболувања.

На глобално ниво, транспортот е еден од главните „виновници“ за производството на јаглерод диоксид. Овој сектор произведува дури една четвртина од глобалното производство, а половина од таа сума произлегува од приватните возила.

„Лекциите кои произлегуваат од успешните искуства во земјите како Данска и Холандија се од суштинско значење. Тие го вклучуваат правилното планирање и изградбата на велосипедски патеки, како и намалување на употребата на возила преку ширење на велосипедската култура“, велат авторите на истражувањето.

Откако прочитавте за најновото истражување во Холандија и Данска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 почетнички грешки ги правиме кога ќе купиме нов велосипед.

Извор: mymodernmet.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар