Дознајте кој знак сте според арапскиот хороскоп

Арапите веруваат дека секој човек поседува особини од одредено оружје. Овој хороскоп се базира врз агресивност, мудрост, одбрана, рамнотежа, фатализам и еволуција. Тој постои од многу одамна и е широко распространет во арапските земји, додека пак во Европа успеал да стигне некаде околу 15-от век. Она по што се одликува овој хороскоп е неговата едноставност и забавност.

Дознајте кој знак сте според арапскиот хороскоп

Пред да го откриете вашиот знак прво одговорете на следниве прашања и запишете ги поените на вашите одговори:

1. Датата на вашето раѓање е:
  • Помеѓу 23 август и 22 септември (1 поен)
  • Помеѓу 21 март и 20 април (2 поена)
  • Помеѓу 21 јуни и 22 јули (3 поени)
  • Помеѓу 23 октомври и 21 ноември (4 поени)
  • Помеѓу 21 мај и 20 јуни (5 поени)
  • Помеѓу 21 април и 20 мај (6 поени)
  • Помеѓу 20 февруари и 20 март (7 поени)
  • Помеѓу 23 септември и 22 октомври (8 поени)
  • Помеѓу 23 јули и 22 август (9 поени)
  • Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)
  • Помеѓу 21 јануари и 19 февруари (11 поени)
  • Помеѓу 22 ноември и 21 декември (12 поени)
2. Во моментот кога сте се родиле, во вашето родно место имало:
  • Помалку од 500 жители (1 поен)
  • Помеѓу 500 и 2.000 жители (2 поена)
  • Од 2 илјади до 5 илјади жители (3 поени)
  • Од 5 илјади до 15 илјади жители (4 поени)
  • Од 15 илјади до 50 илјади жители (5 поени)
  • Од 50 илјади до 100 илјади жители (6 поени)
  • Од 100 илјади до 200 илјади жители (7 поени)
  • Од 200 илјади до 350 илјади жители (8 поени)
  • Од 350 илјади до 500 илјади жители (9 поени)
  • Од 500 илјади до 600 илјади жители (10 поени)
  • Од 600 илјади до 700 илјади жители (11 поени)
  • Над 700 илјади жители (12 поени)
3. Кога сте се родиле, вашите родители биле (ако имаат различна кариера, се гледа работата на таткото):
  • Без кариера, сезонски работници, невработени (1 поен)
  • Неквалификувани работници, земјоделци (2 поена)
  • Квалификувани работници, трговци, занаетчии, средно-медицински персонал (3 поени)
  • Едукатори, лекари и професори (4 поени)
  • Воени лица, војни службеници (5 поени)
  • Административни службеници од сите видови (6 поени)
  • Новинари, автори, поети (7 поени)
  • Ниски раководители во банка, економија, трговија, транспорт (8 поени)
  • Политичари, дипломати, адвокати, судии, архитекти, инженери (9 поени)
  • Уметници, сликари, актери, вајари (10 поени)
  • Високи раководители, директори (11 поени)
  • Познати личности: наука, политика, уметност, спорт, естрада (12 поени)

Откако ќе ги соберете поените, поделете ги со 3 и на тој начин ќе ја добиете бројката на вашето оружје. На пример, ако сте родени на 28 јули (9 поени), на место на кое има од 50 до 100 илјади жители (6 поени), а татко ви бил низок раководител (8 бодови) – откако ќе ги соберете поените, 9+6+8 ќе добиете 23.

Доколку добиете број кој не е делив со 3, како во овој случај, тогаш ќе го одберете оној број кој е најблиску до вашиот број, но кој е делив со 3. Во овој случај 24. Откако ќе продолжите со пресметките, односно откако ќе го поделите 24 со 3 ќе добиете 8. Значи вашето оружје е верига.

Листа на оружја:
  1. Нож
  2. Кама
  3. Џебен нож
  4. Арапски меч
  5. Боздоган
  6. Топуз
  7. Секира
  8. Верига
  9. Сабја
  10. Копје
  11. Прачка
  12. Лак и стрела

Откако ќе го откриете вашето оружје, прочитајте нешто повеќе за тоа што овој хороскоп вели за вашиот знак…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. --- Reply

    ne vi e tocen spisokot so datumi – periodot kadesto se opfaka 10.10. go nema nikade 😀 … ili za niv ne postoi takvo nesto hahaha

    • Кафе пауза Reply

      8 поени

      • --- Reply

        ok – inaku imase greska na 8 poeni, pisuvase … Помеѓу 23 септември и 22 август (8 поени)

  2. Anonymous Reply

    a od 21 dekemvri do 29 ?

    • Моника Трајковска Reply

      Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)

  3. A Reply

    A za rodenite vo ostatokot od dekemvri? na pr 25-26… ima samo do 21 i od 29 natamu..

    • Моника Трајковска Reply

      Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)

Остави коментар