Датумот на којшто сте ја започнале вашата врска кажува многу за нејзината судбина

Датумот на којшто сте ја започнале вашата врска кажува многу за нејзината судбина

Како луѓето, така и врските имаат свој хороскопски знак. Па датумот на којшто сте ја започнале вашата врска, може да ви каже многу за неа. Бидејќи секој сака да знае што го очекува во иднина, погледнете што кажува хороскопскиот знак на вашата врска за неа.

Датум на којшто сте ја започнале вашата врска кажува многу за нејзината судбина

Овен : 21.03 – 20.04

Доколку сте ја започнале врската во сезоната на Овенот, таа може да биде многу возбудлива, исполнета со страст но и со љубоморни сцени, бурни раскинувања и смирувања. Со овој импулсивен знак управува Марс, планетата на страста, енергијата и агресијата, па нема да можете да ги избегнете расправите, но смирувањата ќе ви бидат навистина драги. Вашиот однос ќе биде искрен и отворен и сè додека сте вљубени, врската ќе цвета.

Бик: 22.04 – 21.05

Најверојатно ќе уживате во секој момент со партнерот. Со Бикот управува Венера, планетата на уживањето, убавината и љубовта, па вашата врска ќе биде исполнета со многу бакнежи и допири. Исто така заедно ќе уживате во музика, танцување, изложби и излегување во добри ресторани. Сепак, одвреме-навреме, можно е да се појават расправии поради финансиите.

Близнаци: 22.05 – 21.06

Можеби не сте ни свесни колку среќа имате што сте ја започнале врската во сезоната на Близнаците. Со овој знак управува Меркур, симболот на комуникацијата, па сите потенцијални проблеми и недоразбирања ќе ги решавате со разговор. Вашата комуникација секогаш ќе биде одлична и ќе наоѓате секакви начини уште повеќе да ја подобрите. Исто така, можете да ја освежите вашата врска со малку романтика.

Рак: 22.06 – 22.07

Ракот е под влијание на Ммесечината, која е симбол на емоциите и домот. Силните чувства кон партнерот ќе ги покажувате во секој момент, и тоа на ваш посебен начин. Вашиот талент за готвење може да ја зацврсти врската, особено ако сте женско. Доколку сте машко, понекогаш може да чувствувате дека партнерката ве „гуши“ со изливите на емоции.

Лав: 23.07 – 22.08

Ако со партнерот сте се запознале на некој спортски натпревар или на концерт, никогаш нема да ви биде здодевно. Единственото прашање е колку долго ќе трае ова. Доколку сте жена, партнерот ќе се обидува да ви докаже дека тој е главен. Доколку сте маж, нема да ви биде лесно да се справите со суетата на партнерката.

Девица: 23.08 – 22.09

Оваа врска може да биде навистина интересна. Со Девицата управува Меркур, планетата на трансформацијата и комуникацијата. Поради ова честопати ќе одите на интересни места, забави и прослави, односно каде било каде што се случува нешто. Никогаш нема да ви биде здодевно бидејќи одлично ќе се надополнувате. Можно е да започнете и некој заеднички бизнис што ќе ѝ даде нова димензија на врската.

Вага: 23.09 – 22.10

Вагата е под влијание на Венера, планетата на љубовта и уживањето. Иако Вагата ја симболизира хармонијата, добро е еден од партнерите да има земјен знак, односно Бик, Девица или Јарец. Проблемите во врската можат да се појават кога еден од вас нема да може да се одлучи помеѓу две или повеќе опции во врска со заедничкиот живот. Но сите овие тешкотии лесно се решаваат со букет цвеќе или карти за концерт, особено ако сте маж.

Скорпија: 23.10 – 22.11

Во овој период се започнуваат воглавно бурни врски, исполнети со љубоморни сцени и страсни смирувања. Бидејќи знакот е под влијание на Плутон и Марс, планетите на еротиката и моќта, никогаш нема да ви биде доста од уживање. Но покрај таинствениот партнер, можеби ќе ја откриете другата и непозната страна на вашата природа. Најдобро е да избегнувате ситуации што можат да предизвикаат љубомора.

Стрелец: 23.11 – 21.12

Доколку сте ја започнале врската во сезоната на Стрелец, опуштете се и уживајте во заедничките моменти со партнерот. Никогаш нема да ви биде доста од патувања, без разлика дали се далечни или во соседните држави. Никогаш нема да ви биде здодевно бидејќи ќе има и расправии и смирувања, како и раскинувања и обновувања на врската.

Јарец: 22.01 – 20.01

Иако можеби не сте планирале сериозна врска во овој период, сега ви изгледа како да ќе го поминете целиот живот со овој партнер. Никогаш нема да ви недостига сигурност во врската, особено ако сте жена. Заедно со партнерот сте секогаш посилни.

Водолија: 21.01 – 19.02

Доколку сте ја започнале врската во овој период, не постои нешто што не можете да го надминете заедно. Се разбира, важно е да не го „гушите“ партнерот и да не му ја одземате слободата за донесување одлуки. Но она што на другите им е нормално, вам може да ви стане здодевно со текот на времето. Сепак вашата врска е под влијание на Уран, планета која ги симболизира промените и авантурите.

Риби: 20.02 – 20.03

Вашата врска започнала во сезоната на најромантичниот знак, па со партнерот ќе уживате во ваш свет од соништата. Бидејќи овој знак е под влијание на Нептун, планетата на занесот и вљубеноста, уште при првата средба сте сфатиле дека сте еден за друг. Ќе уживате во музика, танцување и заедничка креативност, а најмногу ќе ги сакате романтичните вечери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар