Астрологијата ги открива женските карактеристики што на мажите им се најодбивни

Секој човек има свои предности, но секако и свои специфични одлики. Не дека е премногу важно, но ви откриваме кои се карактеристиките според астрологијата што секоја жена ги поседува, а на мажите баш и не им се допаѓаат.

Овен

Ним секогаш им треба промена и мразат рутина. Со своето немирно однесување можат да ги разлутат луѓето околу себе, како и потенцијалите партнери.

Бик

Луѓето родени во овој знак најчесто сами сакаат да одлучуваат за сè. Со негодување го прифаќаат мислењето од другите. За нив зборот компромис е непознат.

Близнаци

Тие сакаат да „висат“ на телефон. Сеедно дали се работи за селфи, објава на Инстаграм или за најнов трач кој го делат во групата – нивната зависност од телефон ги одбива момците.

Рак

Тие што се родени во знакот Рак всушност се родени за врски. Мажите често не го поднесуваат нивното мајчинско однесување па затоа и многу брзо „бегаат“.

Лав

Жените родени во знакот Лав знаат да бидат супер и тоа радо го покажуваат. Со тоа често им делуваат страшно на другите. Несигурните мажи брзо бегаат од ваквите жени.

Девица

Девиците често претеруваат со нивното барање дека сè мора да биде уредно и чисто. Најверојатно е дека одма би го исчистиле секој стан каде што живее некој маж, истиот момент штом влезат внатре. Тоа понекогаш е и практично, но на долг пат, може да предизвикува нервирање.

Вага

Вагите се познати по тоа дека никогаш не можат да се одлучат. Тие би ги оставиле сите опции отворени, а тоа може да го разлути машкиот пол.

Скорпија

Еден непромислен збор на жените родени во знакот Скорпија може да предизвика страшна криза. Тоа ги ужасува многуте мажи.

Стрелец

Жените родени во знакот Стрелец многу брзо се вљубуваат, а уште побрзо после тоа сакаат да имаат свој слободен простор. Тешко се поврзуваат. Тоа ги збунува мажите, а често и самите жени со овој знак знаат и самите да се повлечат.

Јарец

Спонтан излет за викенд? За жените родени во овој знак тоа е невозможна мисија. За нешто такво тие мора да знаат барем една недела порано. Со својата неможност да бидат спонтани им одат на нерви на потенцијалните партнери, но и на сите луѓе околу нив.

Водолија

Жените родени во овој знак поверојатно е дека одма би испробале сè – сеедно колку е лудо. Мажите кои не се склони на експериментирање многу брзо можат да се исплашат.

Риби

Тешко е да ги прочитате Рибите. Во еден момент сакаат да ја поминат секоја секунда со нивниот сакан, а после тоа одеднаш се повлекуваат во својата „куќарка“. Момците честопати не можат да се носат со тоа.

Правилата се измислени за да се кршат: 4-те хороскопски знаци кои се најголемите бунтовници!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар