Правилата се измислени за да се кршат: 4-те хороскопски знаци кои се најголемите бунтовници

Правилата се измислени за да се кршат: 4-те хороскопски знаци кои се најголемите бунтовници

Бунтовниците воопшто не се грижат дали со нивните постапки ќе си го нарушат својот авторитет ниту пак се плашат да се спротивстават на други авторитети. Тие се сигурни во тоа што го прават и одбиваат да го прифатат статус квото. Нормите и правилата кои ги наметнува општеството некогаш можат да бидат здодевни и да не одговараат на вашите интереси и потреби. Доколку правилата ве ограничуваат вас како човечко суштество можеби е време да почнете да создавате свои, како тоа што го прават следниве хороскопски знаци.

Овен: Секогаш се труди да го даде максимумот

Постои ли сомнеж дека агресивниот и импулсивен Овен е многу бунтовен? Тој е раководен од Марс – планетата на борбите и интензитетот – за гласното плачење. Доколку некогаш се соочите со Овенот, нема шанси тој да ѝ одолее на борбата. Речете му дека нешто му е забрането и автоматски го тестирате неговото трпение. Овој хороскопски знак ги следи само сопствените инстинкти. Пробајте да му го кажете спротивното и имате полна работа.

Близнаци: Мисли дека правилата се тотална шала

Правила и Близнаци? Не е чудно доколку тие не обрнувале внимание дури ни кога почнавте да им ги објаснувате правилата. Близнаците преферираат да ги согледуваат работите на нивен начин наместо да ги следат правилата. Зошто? Затоа што тоа ги прави нештата многу поинтересни. Тие се секогаш на граница да им стане досадно и следењето правила многу брзо може да им здодее. Овој хороскопски знак обожава да го живее секојдневието со малку пакости. И тоа го прави токму каков што е.

Стрелец: Брзото живеење е секогаш работа на личен избор

Да побарате од Стрелецот да ги следи правилата е како да се обидувате да чувате змеј затворен во кафез. Тој ќе го стопи железото со својот оган и ќе летне. Нема поента да му речете на Стрелецот да се држи до нормите затоа што тој не верува во нив. Наместо тоа, тој гледа безбројни можности за тоа каков би требало да биде животот и воедно е зависен од адреналин. Овој хороскопски знак е авантурист во секој поглед, а од кога авантурата ги вклучува правилата?

Водолија: Секогаш во состојба да покрене револуција

Водолијата е знак кој е бунтовник до срж. Покрај сè, тој е раководен од Уран – планетата на радикалните промени и револуцијата – и не се плаши дури ни кога би уништил цела војска. Кога е соочена со листа на правила, Водолијата автоматски поставува прашања. Кој ги напиша овие правила? Зошто биле напишани тие правила? Кој им даде моќ да ги наметнат? Подобро ќе биде да ѝ дадете одговори затоа што на овие луѓе им треба многу малку за да покренат движење.

Дознајте и кои се 4-те хороскопски знаци кои се најспонтани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар