Астрологијата ги открива утринските рутини на сите хороскопски знаци

Астрологијата ги открива утринските рутини на сите хороскопски знаци

Сите хороскопски знаци различно го доживуваат утрото. Некои сакаат да го искористат максимално, а некои сакаат да лежат подолго во кревет. Па, ако сакате да го искористите утрото во целост и да го започнете вашиот ден на правилниот начин, тогаш продолжете со читање!

Астрологијата открива: Вашата утринската рутина според хороскопот

Овен

Наутро: Станувате од кревет расположени и подготвени да го започнете новиот ден. Брзи сте и се обидувате да завршите повеќе работи во пократок период. Сакате да завршите некоја конкретна работа за да го одбележите почетокот на денот.

Вашата идеална утринска рутина: Бидејќи ги сакате утрата со полна енергија, треба да изберете активност од која срцето ќе ви расчука – на пример, многу Овни сакаат да вежбаат наутро. Сексот исто така не е лош избор. Појадокот што ќе го изедете во движење е ваш најдобар избор затоа што не можете да јадете седејќи и бавно во мир. Не ви треба многу време за да се облечете, па не мора да станувате порано за да заштедите време. Откако ќе се истуширате подготвени сте за акција.

Бик

Наутро: Откако ќе се разбудите, не сте многу комуникативни, барем не до првото утринско кафе. Ви треба простор и не сакате никој да ве брза бидејќи наутро не сте баш во форма. Премногу стимулација наутро може да ви пречи пред целосно да се разбудите.

Вашата идеална утринска рутина: Сакате лежерни и смирени утра. Слушањето инструментална музика додека се подготвувате за на работа ќе ви влијае многу смирувачки. Вежбањето наутро едноставно не е за вас. Повеќе би ви одговарало да вежбате попладне, после работа.

Близнаци

Наутро: Прилично сте комуникативни. Сакате да зборувате и да знаете што се случува на социјалните мрежи веднаш штом се разбудите.

Вашата идеална утринска рутина: Вие сте многу социјални и најдоброто нешто за вас е дружба со семејството и пријателите, дури и ако ја остварите преку телефон или Фејсбук.

Рак

Наутро: Не ви се брза за да станете од кревет, но веднаш кога ќе станете се фокусирате на некој друг затоа што сакате да се грижите за блиските. Издвојувате време и за себе наутро бидејќи едноставно уживате во целиот утрински процес на подготвување за нов почеток на денот. Истовремено, прилично сте тивки и сакате мирни утра.

Вашата идеална утринска рутина: Идеалното утро за вас вклучува преземање грижа за другите, но и за себе. Ден започнат со туширање или бањање пред да се фокусирате на другите работи околу себе совршено би ви одговарале. Треба да направите појадок за семејството или утринско кафе или да му испратите порака на пријателот кој приредува забава дома и да го прашате дали му е потребна помош.

Лав

Наутро: Да речеме дека утрото не е вашето време за да заблескате. Тешко е да ве разбудат, а кога ќе се случи тоа може да се почувствувате мрзливо. Прилично сте комплицирани на ваш својствен начин, но откако ќе ја завршите својата утринска рутина потоа многу брзо се појавува вашата забавна и креативна страна.

Вашата идеална утринска рутина: Сакате мирни утра и кога сè ви е под контрола бидејќи неочекуваните ситуации можат да ве исфрлат од рамнотежа. На пример, ако ја делите бањата со некој што не е доследен на својата рутина, треба да направите редослед за да не бидете изненадени кога ќе најдете некого под тушот во време кога би требало да миете заби. Бидејќи наутро не сте најбрзи, треба да најдете дополнително време за да постигнете сè и навремено да излезете од дома.

Девица

Наутро: Им робувате на своите навики, па сите ваши утра изгледаат слично.

Вашата идеална утринска рутина: Насочени сте на една цел. Вежбањето наутро според распоредот совршено ви одговара бидејќи сакате да имате задачи пред себе кои можете да ги исполнувате, а исто така би можеле да направите и листа со домашни задачи кои ќе ги извршувате. Не треба да брзате, но се препорачува добро да процените колку време имате на располагање. Треба да оставите време и за туширање.

Вага

Наутро: Сакате да бидете во близина на познати луѓе уште од сабајле. Ништо не правите набрзина, дури ни наутро, и се трудите да изгледате најдобро што можете.

Вашата идеална утринска рутина: Наутро сакате да потрошите време на својот изглед, фризура и шминка, односно мала е веројатноста да ја пикнете главата под јорган откако ќе ви заѕвони алармот. Сакате да вложувате многу енергија во својата врска, па треба да направите нешто убаво за својот партнер уште рано наутро. Можете да му подготвите кафе или да оставите некаква слатка порака. Другите луѓе ви даваат позитивна енергија, сакате дружење и комуникативни сте, па можете да им се јавите на пријателите или на членови на семејството.

Скорпија

Наутро: Копнеете за нови информации во секој момент и одма уште наутро сакате да ги знаете сите случувања. Не сте премногу расположени во ова време од денот.

Вашата идеална утринска рутина: Наутро треба да најдете начин како да го поправите вашето расположение. Утринското вежбање не ви паѓа тешко (колку е потешко толку е послатко), но со оглед на тоа дека не сакате друштво толку рано, најдете термин кога ќе можете да бидете сами во теретана. Подоцна, издвојте време за да ги прочитате весниците во целост, а не само насловите бидејќи сте прави зависници од вести.

Стрелец

Наутро: Никогаш не го пролонгирате алармот и секогаш се будите со визија за тоа што сакате да го постигнете во текот на денот. Ако треба нешто да завршите, подготвени сте да станете и во 4 наутро за да можете да постигнете сè. Сакате мултитаскинг бидејќи времето ви е драгоцено и треба паметно да го искористите.

Вашата идеална утринска рутина: Сакате секој ден да има некаква цел. Разбудете се рано, вежбајте или потрошете време на некој проект. Посветете ѝ се на работата и не ги одложувајте вашите обврски.

Јарец

Наутро: Не станувате одма од кревет, но не го одложувате ни алармот кога ќе ви заѕвони. Сакате да станувате секој ден во исто време за да ги извршувате своите утрински задачи. Фанови сте на „работничките униформи, па затоа и носите слична облека секој ден.

Вашата идеална утринска рутина: Утрото според вашиот знак би било идеално ако го започнете со некоја работа. Дисциплинирани сте и пред да излезете од дома сакате да завршите некоја работа што сте ја започнале. Со оглед на тоа дека веќе имате „формула“ за облеката, наутро имате доволно време за други работи.

Водолија

Наутро: Непредвидливи сте. Не сакате да ви се кажува што да правите и имате проблем со одржување рутина и придржување до распоред. Вие немате ниту две исти утра. Сакате секогаш да знаете што се случува во светот, па обожавате да разговарате со луѓето и да дознавате што се случувало додека сте спиеле.

Вашата идеална утринска рутина: Можеби ќе се критикуваат самите бидејќи не сте се држеле до распоредот, но реалноста е дека тоа нема да се случи. Ако сакате да станете рано и да вежбате, одлично. Ако ви се спие малку подолго, спиете, но треба да внимавате да не задоцните и на работа. Во секој случај, треба да имате време за активностите што ги сакате.

Риби

Наутро: Сакате да спиете. Кога би ве прашале вас, вие би останале цел ден во кревет. Еднаш кога ќе станете, не сакате никој да ве брза. Сакате денот да ви започне полека.

Вашата идеална утринска рутина: Удобно и смирено, тоа е вашето мото. Ако времето ви дозволува, правите кафе и појадок што ќе го испиете и изедете во кревет. Читате и весник. После тоа се туширате и се подготвувате за новиот почеток на денот. Клучно е што треба да станете доволно рано за да го постигнете сето тоа.

Дознајте и кое животно сте според хороскопот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар