4-те хороскопски знаци што секогаш се подготвени за журка!

4-те хороскопски знаци што секогаш се подготвени за журка!

Имате планови за викендов? Ако не знаете што да правите, ви препорачуваме да побарате некој од овие хороскопски знаци (или сите) и викендот ќе ви се претвори во авантура што нема никогаш да ја заборавите!

1. Близнаци: Тие секогаш знаат како да ги зачинат нештата

Сигурно не сте изненадени што првиот знак на оваа листа се ѓаволестите, но истовремено и будалести Близнаци. Без разлика на тоа колку луѓето сакаат да се плашат од нивните палави постапки, тие секогаш уживаат во начинот на кој Близнаците ја претвораат забавата во незаборавно искуство. Ова се случува само затоа што Близнаците знаат точно што сакаат и како да го добијат истото и никогаш не си судат себеси. И токму овој став го пренесуваат на оние околу нив.

2. Лав: Тие го живеат животот како да е една голема журка

Ако имате Лав во животот, тогаш сигурно знаете дека тие можат да ја претворат дури и најздодевната ситуација во нешто многу забавно. Дури и ако сте заглавени во сообраќај 3 часа, Лавот ќе пушти музика и ќе го претвори возењето во танцова битка. И покрај сè, Лавот е најекспресивниот и најтеатралниот знак во целиот Зодијак! И секако, на секоја забава ѝ треба малку драма, па ако има Лав во близина – знаете што да очекувате!

3. Стрелец: Тие ќе се погрижат вашата журка да е незаборавна

Ако немате планови и не знаете каде ќе одите вечерта, веднаш обратете се кон Стрелец! Овој хороскопски знак се карактеризира со спонтаност и авантуризам, па затоа и кога е во близина, треба да знаете како да го очекувате неочекуваното. Ако тој е на вашата забава, не само што сите ќе се смеат додека не ги заболи стомакот, туку големи се шансите и целосно да ја промени темата на журката. Што мислите, како сите завршија во базенот со своите алишта?

4. Водолија: Тие се пријатели со сите

Ако не знаете кого да поканите на вашата журка, сè што треба да направите е да се јавите на Водолија и да побарате од неа да ги покани своите пријатели. Водолиите имаат милиони пријатели од сите области на животот, па затоа и знаат точно кој да изберат за да направат незаборавна журка. Да не заборавиме и на фактот дека нивната провокативна природа го извлекува „животното за журка“ од секој човек, па тие можат да ги претворат дури и најздодевните настани во забава на векот.

Прочитајте и како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар