3-те хороскопски знаци за кои сезоната на Скорпијата ќе биде најлоша

3-те хороскопски знаци за кои сезоната на Скорпијата ќе биде најлоша

Сите ние сме на духовно патување, но го искусуваме светот и како луѓе, па понекогаш работите се потешки од вообичаено. Следниве 3 хороскопски знаци ги очекува ваква сезона на Скорпијата, но и тоа не е крај на светот. Понекогаш е потребно да забавите и да се подготвите за патувањето што ве очекува во иднина.

3-те хороскопски знаци за кои сезоната на Скорпијата ќе биде најлоша

Овен

Не сте возбудени за сезоната на Скорпијата? Но дали знаевте дека вашите знаци имаат многу сличности? Марс е вашиот планетарен владетел, и традиционален владетел на Скорпијата, па имате многу повеќе заеднички нешта отколку што сте мислеле. Сонцето минува низ вашата осма куќа на сексот и трансформацијата, па поради ова можно е да бидете со лошо расположение сезонава. Но немојте премногу да размислувате за ова или да си создавате притисок. Сето ова е циклус и ова е вашето време да се повлечете и регенерирате пред повторно да продолжите напред.

Во блиска иднина ве очекуваат авантури бидејќи Јупитер ќе влезе во вашата деветта куќа на патувањата. Во ред е да одморите оваа сезона, најмногу затоа што во иднина ве очекува патување.

Лав

Немојте да се грижите, вие сте животот на забавата и оваа сезона. Но бидејќи сонцето патува низ вашата четврта куќа на домот и семејството, нема воопшто да бидете расположени за забавување. Важно е да знаете дека тоа е сосема во ред. Ова е време да најдете удобност во задоволствата што ви ги нуди домот, додека сте опкружени со саканите. Не значи дека оваа сезона ќе биде целосно лоша. Можеби ќе се чувствувате напнато, но ќе бидете опкружени со луѓето што ги сакате, а тоа е најважното. Сега вам ви е ред да бидете себични и да се грижите за себе.

Стрелец

Нема потреба да паничите. Наскоро Јупитер ќе влезе во вашиот знак, а тоа е одлично за вас. Но дотогаш, односно во сезоната на Скорпијата, време е да забавите и да ги наполните батериите. Ќе направите уште еден круг околу сонцето и потребен ви е целиот одмор што можете да го искористите. Понекогаш на вашата душа ѝ треба повлекување. Всушност, ако не сакате да минувате време сами, оваа сезона е период кога треба да ја прифатите самотијата. Нема потреба да се плашите. Секој заслужува малку одмор.

Погледнете и кои се хороскопските знаци за кои сезоната на Скорпијата ќе биде најдобра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар