Момче што било згмечено од сено го насмеа Интернетот со неговата биографија на Тиндер

Кога ќе ја погледнете смртта во очи, голема е веројатноста да се променат вашите приоритети и перспектива. На пример, луѓето кои речиси загинале, често повеќе се фокусираат на нивното семејство по немилиот настан. Но несреќата на едно момче предизвикала навистина различна реакција.

Момче што било згмечено од сено го насмеа Интернетот со неговата биографија на Тиндер

Џо од Вирџинија бил згмечен од 1.000 килограми сено, настан што според него би требало да го убие. За некое чудо тој преживеал, но со неколку сериозни повреди вклучувајќи и скршена карлица. И покрај тоа што Џо е во количка, тој сакал да покаже колку му е мило што е жив и им дал на сите до знаење дека е подготвен да продолжи со неговиот живот, но на навистина необичен начин.

„Врз мене падна сено од 1.000 килограми и ме згмечи на земјата.“

Момче што било згмечено од сено го насмеа Интернетот со неговата биографија на Тиндер

„Би требало да бидам мртов и уште не ми е јасно како преживеав. Тоа беше чиста среќа.“

Момче што било згмечено од сено го насмеа Интернетот со неговата биографија на Тиндер

„Ме чека долго заздравување… и ќе биде болно, но тоа е во ред. Бидејќи сè уште сум жив, дишам и врз мене веќе нема 1.000 килограми сено, ја прифаќам сета болка. Бидејќи болката е чувство, чувство што не би требало да го чувствувам повеќе. Но ја чувствувам бидејќи сум жив!“

Момче што било згмечено од сено го насмеа Интернетот со неговата биографија на Тиндер

Иако неговото искуство било трауматично, Џо успеал да гледа на позитивната страна.

„Сè уште сум добар на Тиндер.“

Момче што било згмечено од сено го насмеа Интернетот со неговата биографија на Тиндер

Џо ја изменил својата биографија на апликацијата за состанување и ги насмеал сите кои налетале на неговиот профил.

„Здраво, дами, јас сум Џо. Само што бев згмечен од 1.000 килограми. Имам скршена карлица и имам катетер. Не сакам да лажам за својот катетер. Можеби е проблем, но големите умови прават големи нешта. Бидејќи сум врзан за кревет, можеби вие ќе треба да ја завршите целата работа. Но еј, големи умови. Како и да е, јас сум во медицинскиот центар ако сте заинтересирани.“

Дознајте што вели за животот по смртта мажот кој умрел два пати.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар