3 сингл хороскопски знаци што ќе пронајдат голема љубов до крајот на оваа година

3 сингл хороскопски знаци што ќе пронајдат голема љубов до крајот на оваа година

Иако астрологијата не може совршено да предвиди кога ќе се сретнете со личноста од вашите соништа, според моменталните астролошки анализи, овие три хороскопски знаци имаат зголемена шанса да пронајдат вистинска љубов до крајот на оваа година. Па, ако сте сингл и сте родени во еден од овие знаци, подгответе се да бидете освоени од совршената личност за вас!

1. Овен

Кога ќе заврши периодот на ретрограда за Венера, на 16 ноември, вашата седма куќа на врските ќе засвети во полн сјај. Ако сте сингл, постојат големи шанси универзумот да ви помогне да ја пронајдете личноста што во целост ќе ве разбира. Но, имајте на ум дека ако се менувате за да ја импресионирате погрешната личност, може да ја пропуштите вистинската. Мора да бидете оние кои навистина сте за тој или таа да ве забележи. По 2 декември, без разлика на тоа што се случува во вашиот живот, ќе бидете во контакт со својата сензуална страна и ќе ги привлекувате сите што ќе ги запознавате.

2. Скорпија

Бидејќи Венера ќе ја мине првата половина од своето ретроградно движење во вашиот знак, ова ќе биде одлично време за вашиот љубовен живот. По 2 декември очекувајте одличен крај на есента за вас, бидејќи нештата навистина ќе се разгорат меѓу вас и личноста што ви се допаѓа. Ќе зрачите со позитивна енергија и ќе привлекувате љубов кон себе, и верувајте, токму тој или таа што треба ова да го забележи – ќе го забележи! Немојте да се изненадите и ако почнете да добивате многу други покани за љубовни состаноци, и внимавајте ова внимание да не ви „удри во глава“, бидејќи може да ја пропуштите совршената личност за вас.

3. Вага

Кога станува збор за љубовта, ве очекува одличен период после 16 ноември. Ова ќе биде и период на големи промени за вас. Ќе ги подобрите самодовербата, харизмата и привлечноста. Тоа ќе ви помогне да се искачите на сосема ново ниво од каде што ќе ги привлекувате сите околу себе. Не само што ќе бидете најатрактивната личност во секоја просторија, туку и ќе имате многу мудрост што ќе ве води низ најдобриот пат во текот на овој романтичен период. Ако сте сингл, очекувајте многу запознавања, а ако сте во лоша врска – ова е одличното време да ставите крај и да почнете нешто ново.

Не се пронајдовте на оваа листа? Дознајте што ве очекува и вас во љубовта до крајот на 2018-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар