3 хороскопски знаци на кои ретроградниот Уран им носи позитивни промени во следната година

Ретроградното движење на Уран започна на 15 август и овој транзит ќе ви помогне да процесирате некои од неочекуваните промени што ви се случија од почетокот на 2020 година. Во следните 5 месеци ве очекуваат големи промени и предизвици, но за некои хороскопски знаци, тие промени најверојатно ќе бидат добредојдени.

3 хороскопски знаци на кои ретроградниот Уран им носи позитивни промени во следната година

1. Бик

Додека ретроградниот Уран е во вашиот хороскопски знак, ќе се чувствувате малку непријатно бидејќи ќе го предизвикува вашиот отпор кон промени. Во текот на следните пет месеци, ќе откриете нови работи за себе, можеби ќе го промените вашето мислење, ќе откриете нови аспекти на вашата личност или дури и ќе го промените вашиот личен стил. Наместо да се плашите од овие промени, прифатете ги. Ќе се изненадите колку удобно се чувствувате во новиот пар чевли.

2. Девица

Ретроградниот Уран бара да ги проширите своите хоризонти и да бидете отворени за нови искуства. Ова е период на развој и учење нови работи, па сега е време да размислите за луѓето, местата и разните области за коишто не бевте заинтересирани во текот на изминатата година. Штом ќе заврши ретроградниот Уран, помалку ќе се плашите да резервирате одмор во последен момент, да се пријавите за нови часови, па дури и да ја промените вашата кариера.

3. Јарец

Фокусирањето на работата и на практичните работи ви оди лесно, но ретроградниот Уран бара да бидете отворени за нови можности, особено кога станува збор за тоа како барате задоволство во вашиот живот. Ако сакате максимално да го искористите овој транзит, треба да го потиснете делот од вашиот мозок што е опседнат со работата, а да го ослободите делот од мозокот што ги контролира работите што ве прават да се чувствувате разиграни и возбудени. Оваа година беше непредвидлива, но вие најдовте начини како да бидете среќни и покрај сета таа напнатост. Одвојте време за работите што ве прават среќни и научете да се изразувате на нов начин.

Погледнете како ќе влијае Венера во Рак врз вашиот љубовен живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар