12 интересни карактеристики на вашиот хороскопски знак кои досега не сте ги знаеле

Поради некоја причина, голем број луѓе кои водат блогови во последно време се опседнати со астрологијата и изгледа како тие со својата креативност да ги пополнуваат сите оние дупки кои можат да се најдат во досегашните интерпретации на астролошките знаци. На пример, вашиот знак може да ви каже како би изгледала вашата опашка кога би биле сирена или пак, зошто би биле лош сојузник доколку сте дел од „Игри на гладните“. Кој би знаел?

(1) 12 интересни карактеристики на вашиот хороскопски знак кои досега не сте ги знаеле

Овен

  1. Доколку сте сирена, вашата опашка би била остра и би наликувала на ајкула.
  2. Доколку сте познат писател, вие би биле Маја Ангелоу.
  3. Во „Игри на гладните“, вие би биле многу лош сојузник бидејќи постојано ќе запаѓате во замки кои ќе ја откриваат вашата локација.
  4. Вашата најлоша навика е тоа што не ги ставате работите онаму каде што им е местото.
  5. Вие сте онаа мајка која му помага на вашето дете да добие лажна лична карта.
  6. Вие сте оној татко кој го вади своето дете од затвор без да ѝ каже на мајката.
  7. Вие сте изгрејсонце.
  8. Вие не можете да држите лутина повеќе од еден ден.
  9. Вие скоро никогаш не спиете.
  10. Како детектив, сигурно би добиле признание.
  11. Вие сте лубеница.
  12. Естетски, вие сте лимонова трева, сјај од самовили, црвен кармин, стари книги, плетен шал, балони и минималист.

Бик

  1. Доколку бевте сирена, вашата опашка ќе беше со шумско зелена боја и нежни црни рабови.
  2. Доколку бевте познат писател, вие ќе бевте Шекспир.
  3. Во „Игри на гладните“, вие ќе бевте многу лош сојузник бидејќи немате доволно трпение.
  4. Вашата најлоша навика е јадење од досада.
  5. Вие сте мајката која секогаш пакува повеќе ужинки.
  6. Вие сте таткото кој прави вечера и очекува сите да јадат заедно на масата.
  7. Вие сте претпладне.
  8. Вие можете да држите лутина дури и по вашата смрт.
  9. Вие знаете добро да се наспиете.
  10. Како детектив, многу лесно ќе можевте да ја откриете временската линија.
  11. Вие сте банана.
  12. Естетски, вие сте кошули, страст за патување, маглина која се крева кон небото, архитектура и црешови цветови.

Близнаци

  1. Доколку бевте сирена, вие ќе имавте долга и тенка опашка со сјајни портокалови слоеви.
  2. Доколку бевте познат писател, вие ќе бевте сер Артур Конан Дојл.
  3. Во „Игри на гладните“, вие ќе бевте лош сојузник бидејќи буквално ќе ги бодевте луѓето со нож во грб.
  4. Вашата најлоша навика е прекинување на луѓето во нивните активности.
  5. Вие сте мајката која има цел тон добри приказни за растењето.
  6. Вие сте таткото кој кажува смели приказни како „се борел со мечка на Алпите“.
  7. Вие сте самрак.
  8. Вие не можете да држите лутина повеќе од 30 секунди.
  9. Вие многу малку спиете.
  10. Како детектив, вие го документирате секој дел од вашиот случај.
  11. Вие сте портокал.
  12. Естетски, вие сте црна боја, цитати за постоењето и „рандом“ зборови на странски јазици.

Рак

  1. Доколку бевте сирена, вашата опашка ќе беше кратка, со поинтензивна виолетова боја на краевите.
  2. Доколку бевте познат писател, вие ќе бевте Ден Браун.
  3. Во „Игри на гладните“, вие ќе бевте лош сојузник бидејќи не можете ништо да убиете.
  4. Вашата најлоша навика е кажувањето „амм“.
  5. Вие сте мајката која прави премногу фотографии од малите животни постигнувања.
  6. Вие сте таткото кој случајно ги прегрнува своите деца пред нивните пријатели.
  7. Вие сте ноќта.
  8. Вие можете да држите лутина со години.
  9. Вие не спиете воопшто.
  10. Како детектив, вие лесно го откривате мотивот на криминалецот.
  11. Вие сте цреша.
  12. Естетски, вие сте хартиени фенери, меки чорапи, напуштени места, облека со џебови и цветни дизајни.

Лав

  1. Доколку бевте сирена, вашата опашка ќе беше долга и златна, во форма на круна.
  2. Доколку бевте познат писател, вие ќе бевте Џ. К. Роулинг.
  3. Во „Игри на гладните“, вие ќе бевте лош сојузник бидејќи не можете да им простите на оние кои ви згрешиле.
  4. Вашата најлоша навика е несовесното возење.
  5. Вие сте мајката која дава бескрајни лекции со говорење.
  6. Вие сте таткото кој прави шега на своја сметка.
  7. Вие сте пладне.
  8. Вие можете да држите лутина до крајот на нашето постоење.
  9. Вие спиете многу.
  10. Како детектив, вие ќе бидете најдобри при читањето фацијални експресии.
  11. Вие сте јагода.
  12. Естетски, вие сте винтиџ, ѕвезди, симетрија, полароиди, ванила, жални врби и високи тавани.

Девица

  1. Доколку бевте сирена, вашата опашка ќе беше долга, со кралско сина боја и прецизни рабови кои се забележуваат во водата само поради својот сјај.
  2. Доколку бевте познат писател, вие ќе бевте Агата Кристи.
  3. Во „Игри на гладните“, вие ќе бевте лош сојузник бидејќи ќе ги теравте другите да ја завршат вашата „нечиста“ работа.
  4. Вашата најлоша навика е грицкањето на вашите нокти.
  5. Вие сте мајката која ја чисти собата на своите деца кога тие не се дома.
  6. Вие сте таткото кој се грижи неговите деца да не отидат на училиште во своите пижами.
  7. Вие сте утро.
  8. Вие не можете да држите лутина повеќе од неколку месеци.
  9. Вие спиете многу малку.
  10. Како детектив, вие ќе го растргнете алибито на криминалецот.
  11. Вие сте круша.
  12. Естетски, вие сте облаци, чипка, фотографија, тетоважи, монохром, калиграфија и чај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар