16 причини поради кои другарствата од средно остануваат за цел живот

16 причини поради кои другарствата од средно остануваат за цел живот

Кога некој ќе спомне другари од средно, реакцијата на секој повозрасен соговорник е дека тие другарства траат цел живот поради овие причини.

16 причини поради кои другарствата од средно остануваат за цел живот

1. Заедно сте пораснале

Годините во средно училиште се период во кој многу брзо се расте. Од речиси мало дете одеднаш станувате речиси возрасен човек. Оние кои биле покрај вас во тие денови се оние со кои заедно сте пораснале во тој период, сте имале заеднички интереси и заедно сте поминале моменти кои се вредни за сеќавање.

2. Секогаш може да им се вратите

Колку време и да сте биле одвоени, овие пријатели секогаш се такви на коишто можете да им се јавите и да се присетувате на глупостите што заедно сте ги правеле.

3. Заедно сте поминале низ првите љубовни проблеми

Сте си давале поддршка едни на други кога за првпат сте го вкусувале љубовното разочарување. Никој не бил оставен сам да го лечи скршеното срце.

4. Никогаш не ви суделе

Секако дека во средно училиште има и деца кои им судат на сите и ги озборуваат, но оние кои до ден-денес ви останале пријатели никогаш не се дрзнале да го сторат тоа.

5. Од нив сте го добиле првото сексуално образование

Сигурно имало некој во вашето друштво кој „знаел сè“ за сексот. Од денешен аспект тоа може да изгледа смешно, но во тоа време многу ги зацврстило врските меѓу вас.

16 причини поради кои другарствата од средно остануваат за цел живот

6. Заедно сте седеле и сте бегале од часови

И тоа е една од работите кои се заслужни за вашата цврста врска која сè уште трае.

7. Заедно сте се опијаниле за првпат

Тие се нашле во вашиот живот баш во периодот кога најмногу се експериментира со алкохолот. Заедно сте експериментирале, заедно сте се опијаниле за првпат, заедно сте се опијаниле и по стоти пат и сте се носеле до дома кога веќе не сте можеле да стоите на нозе.

8. Повторните собирања со нив се прекрасни

Ќе ги видите на пет или десет години од матура и како ништо да не се сменило. Чувството кое го имате на таквите средби со нив е исто како кога правевте глупости во тинејџерските години.

9. Тие секогаш имале разбирање за границите поставени од вашите родители

Сигурно родителите ви поставувале бројни ограничувања додека сте оделе во средно училиште. Не сте смееле да пиете алкохол, не сте смееле да пушите, сте морале да се вратите пред 12 часот навечер итн. Но вашето друштво секогаш имало разбирање за вас знаејќи колку многу уживате да се забавувате заедно.

10. Се разбирате и без да ги кажете работите

Не мора да ги кажете работите за тие да ве разберат. Имале доволно време и ситуации со вас за да можат да предвидат или да ве прочитаат по изразот на лицето.

16 причини поради кои другарствата од средно остануваат за цел живот

11. Можете да разговарате за другите соученици

Секој од вас знае кај го однел животот секој ваш соученик. Тоа ви е една од омилените теми на разговор кога ќе седнете заедно после некое време.

12. Имате шеги за професорите

Без разлика дали професорот бил добар кон вас или „ве мразел“, без разлика на тоа дали зборувал на смешен начин или не, вие сигурно имате еден куп шеги за нив и се смеете секогаш кога се присетувате на тоа. Секако, има и еден од вас што добро знае да ги имитира сите нив.

13. Сте си ветиле дека никогаш нема да загубите контакт

И се држите до таквото ветување, затоа што тоа се другари кои остануваат и за понатаму во животот.

14. Сте поминале заедно низ многу заеднички проблеми

Љубовни проблеми, проблеми со професорите, со родителите, со вратарите на дискотеките, можеби и со полицијата и какви уште не случки сте поминале заедно. Од денешна перспектива некои од тие проблеми ви изгледаат смешно, но во тоа време одиграле силна улога во зацврстувањето на вашето пријателство.

15. Знаете по нешто од кое некој од вас се срами

Во толку време поминато заедно сигурно сте доживеале и по нешто од кое некој од вас се срами и не сака да зборува за тоа со сите. Но, кога сте сами и кога можете да си зборувате отворено, вие најчесто се смеете на тоа.

16. Заедно сте излегле живи од тинејџерските години

Годините во средно училиште се многу бурни и многу интензивни. Пријателствата кои се формираат тогаш се поткрепени со најразлични заеднички искуства од кои на крајот излегувате како од војна. Таквите пријателства не можат да не траат цел живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар