Запознајте ги Бубу и пријателите – најслатките морски прасиња на интернет

Бубу е преслатко морско прасе кое претставува муза за фотографката која се крие зад прекарот Lieveheerbeestje. Нејзините фотографии од Бубу и пријателите изгледаат како да се направени на професионално снимање за магазинот Вог за морски прасиња. Тие носат хипстерски очила, се бањаат во розови кади, позираат со слатки зајачки ушиња, се засладуваат со маргаритки или носат цветни венчиња и други аксесоари на главата.

1-zapoznajte-gi-bubu-i-prijatelite-najslatkite-morski-prasinja-na-internet-kafepauza.mk

Бубу тежи 1 кг и има 2 години. Нејзината омилена храна се билката цикорија и морковите, а времето обожава да го поминува јадејќи, спиејќи и позирајќи пред фотоапаратот.

Навистина е чудно како овие мили животинки остануваат мирни доволно долго за да се направат овие преслатки фотографии, но фотографката за ова вели: „Тие едноставно не мрдаат многу пред фотоапаратот. Изгледа имам среќа!“

Уживајте во галеријата фотографии со Бубу и пријателите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар