Совршен мал стан во Њујорк
Ова мало станче во Њујорк е уште еден успешен пример, како правилно треба да се искористува просторот, без разлика колкав е. Проектот е реализиран благодарение на компанијата JPDA. И не само што просторот е максимално искористен, туку на многу паметен начин се направени некои специфични работи кои го прават станот уште пофункционален. Како на пример, скалите имаат функција на фиоки.

Педесет-квадратниот стан се состои од просторна кујна и прилично голема дневна соба, во која има и посебен дел со работно биро. Скалите-фиоки кои веќе ги споменавме, водат кон спалната која е сместена во интимна галерија. Бањата, која е со туш кабина е прилично голема. Пред и после влезот на кујната има два плакари, во кои може да се складираат многу работи. Сумирано, просторот е перфектно искористен, модерно наместен и совршен за млад пар.










Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
