Склопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крај

Склопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крај

Кога станува збор сложувалки, сигурно и вие започнувате најпрво од краевите, па се приближувате кон средината, зар не? Но, едно студио за дизајн наречено Nervous System, создало сложувалка што нема ниту почеток ниту крај, така што можете да ја составувате на илјадници различни начини.

Склопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крај

Станува збор за бесконечна галаксија што е украсена со фотографија од Млечниот пат и се базира на примерот за шишето на Клајн, односно, невозможната 3Д форма која има идентична површина однадвор и однатре. Ова значи дека секој дел се совпаѓа, па можете да го ставате од која било страна. Бидејќи фотографијата е продолжение од една страна на друга, не можете одеднаш да ја видите целата, туку како што ја собирате во една насока, така таа се менува.

Склопувајте во која било насока: Бесконечна сложувалка која нема ниту почеток ниту крај

Постојат 133 парчиња во еден пакет (вклучувајќи и три специјални – астронаут, сателит и вселенски шатл). Овој креативен дизајн не е само предизвик, туку ви овозможува и да ја испитувате галаксијата на вашата маса!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар