Секси хотел кој ќе ве вивне во облаците

Секси хотел кој ќе ве вивне во облаците

Хотелот „Kempinski Residences & Suites“, лоциран во Доха, Катар им нуди привилегиран животен стил на неговите гости. Со пространи луксузни апартмани и вили вивнати високо во небото, овој хотел претставува олицетворение на животот на висока нога, вгнезден во највисоката кула во Катар.

Секси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облаците

Со модерниот екстериер и совршено вклопениот ентериер, хотелот ќе ви понуди чувство на елеганција, ведрина и спокој во текот на вашиот престој. Во некоја од 370-те огромни апартмани и вили, кои располагаат со од 1 до 4 спални соби, може удобно да се сместат гостите кои се во потрага по мирен и интимен амбиент, додека уживаат во беспрекорната услуга, вкусната храна, внатрешните базени, целосно опремениот фитнес-центар и колоритната игротека за најмладите гостинчиња.

Секси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облаците

Хотелот располага со повеќе угостителски места, кои нудат одлична храна, пијалаци и софистициран, луксузен или релаксирачки стил, кој ќе го задоволи сечиј вкус. Во „Aroma“ можете да уживате во вашиот вкусен оброк, во „Gourmet House“ во вкусни печива и убава кафе-атмосфера во која европската традиција се среќава со културата во модерен Катар. На крајот од денот, можете да се релаксирате со по некој коктел во „The Lounge“, тренди и интересен бар, кој морате да го посетите доколку некогаш се најдете во Доха. Доколку пак не сакате да го напуштите вашиот удобен апартман, дозволете му на персоналот да ве разгали со фантастичната собна услуга.

Секси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облаците

И ова не е сѐ. Хотелот ви препорачува да ја вратите имагинацијата, да го пронајдете мирот, хармонијата и релаксацијата во луксузниот спа-центар „Guerlain Alfardan Spa“. Детоксицирајте се во сауна, предадете им се на разните козметички третмани, подмладете го вашето тело во парната бања и пливајте во фантастичните внатрешни базени кои ги има во „PURE Leisure & Wellness центарот.

Секси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облацитеСекси хотел кој ќе ве вивне во облаците


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар