Смешни портрети изработени на прстите од рацете
Италијанскиот уметник познат само како Дито фон Тис започна проект наречен „Дитологија“ кој вклучува препознатливи портрети на славните личности изработени на човековите прсти. Ликовите изработени на секој прст посебно опфаќаат познати јавни личности како Стив Џобс, политички фигури како Че Гевара, верски гуру како Далај Лама, па дури и измислени икони како Господин Т.

Стив Џобс
Не постои човек кој не може да биде дел од овој комичен серијал. Секој портрет е комплексно украсен, облечен е во соодветна облека и претставен е на соодветна позадина.

Далај Лама

Фрида Кало
Во прилог на хумористичната природа на проектот, уметникот вели дека за себе го одбрал уметничкото име Дито затоа што овој збор на италијански значи „прст“ и аналогно на тоа името на проектот „Дитологија“ би значело „Прстологија“. Иако отпечатоците на прстите се користат за идентификација на луѓето, Дито сепак успеа да ја задржи анонимноста на оние кои ги презентирале своите прсти.

Моцарт

Хитлер

Мики Маус

Автопортрет

Господин Т

Че Гевара

Пеколен портокал (Clockwork orange)

Спок

Роналд Мекдоналд

Гадафи

Џин Симонс (Кис)

Шрек

Берлускони
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.