Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Моменталната пандемија многумина нѐ остави без друг избор освен да поминеме повеќе време дома. Како и да е, ова е можност конечно да почнеме да ги правиме работите кои веќе некое време ги одложуваме.

Ако мислевте да започнете нов креативен проект, ова е вашиот момент. Ако го сакате плетењето и имате крзнен пријател, тогаш овие слатки каучи за мачки можат да ви дадат совршена инспирација.

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Вистина е дека за да ги направите овие каучи ви требаат сериозни вештини во плетење и многу креативност, но кога ќе ја научите основата, ќе можете да направите безброј креации. Од предиво можете да создадете различни кукли, костуми, папучи, па дури и тампони.

Овие фотографии од плетени каучи за мачки станаа вирален хит, но идејата за проектот, всушност, не е целосно нова. Постои форум од 2009 година каде што луѓето ги споделуваат своите креации, а пронајдена е и шема за овој проект која е објавена во далечната 1998 година.

Погледнете ги овие симпатични плетени каучи, па можеби ќе добиете идеја за подарок на вашата омилена мачка!

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Можеби ќе ве интересира и кои раси на мачки можат да помогнат во борбата против депресијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар