Чурос: Вкусни шпански крофни

Вкусните шпански крофни наречени чурос, најдобро е да ги јадете кога сѐ уште се топли. Нивната надворешна страна е крцкава и покриена со цимет и шеќер, а внатрешноста е мека. Шпанците ги сакаат со чоколаден сос, но и без сосот тие се исто толку вкусни!

Чурос: Вкусни шпански крофни

Потребни состојки:

За тестото:

  • 240 милилитри вода
  • 2 лажици гранулиран шеќер
  • 2 лажици растително масло
  • ½ лажичка сол
  • 125 г брашно
  • 470 милилитри растително масло (за пржењето)

Глазура:

  • 100 г гранулиран шеќер
  • 2 лажички цимет

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере со средна големина додадете го растителното масло. Оставете го да се загрее и да достигне до 375 степени. Проверете со термометар. Ако не сакате да го потрошите целото масло за пржење во големо тенџере, можете да користите мало и да пржите по 2 до 3 крофни.
  2. Земете чинија и покријте ја со хартиени крпи за да се исцедат крофните од маслото откако ќе ги испржите.
  3. Измешајте го циметот и шеќерот во сад што одговара на големината на крофните.
  4. Во друго тенџере, додадете ја водата, маслото, шеќерот и солта. Оставете да зоврие на средна топлина.
  5. Откако ќе зоврие, ставете ја смесата во брашното и мешајте. Кога ќе формирате топка тесто, оставете го да се олади 1 до 2 минути.
  6. Ставете го тестото во шприц и полека правете ленти долги 5 до 10 цм и ставајте ги во врелото масло. Користејќи нож, отсечете ги краевите за да може тестото полесно да се спушти во маслото.
  7. Оставете го тестото да се пржи околу 2 минути додека не добие златно кафеава боја.
  8. Извадете ги крофните и ставете ги на хартиена крпа за 1 минута.
  9. Извалкајте ги во смесата од цимер и шеќер и уживајте.

Погледнете го и овој рецепт за посни крофни со шлаг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар