Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии

Дали некогаш сте се запрашале каков е процесот на подготовка на фотографиите коишто ги прават професионалните фотографи, пред тие да бидат објавени пред очите на јавноста? Кои се чекорите коишто треба да се преземат пред да се добие финалниот, задоволувачки резултат? Не е сè така лесно, а бразилскиот фотограф Гилмар Силва решил да го докаже тоа, со неговите „пред и потоа“ фотографии коишто ги објавил на Интернет.

Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии

Пред извесен период, овој професионален фотограф за семејства и свадби започнал брилијантна сериja фотографии, т.н. „LUGARxPHOTO“ (место и фотографија) коишто ја прикажуваат реалната сцена на којашто тој ги прави фотографиите, пред таа да биде сосема изменета и дотерана во Фотошоп.

Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии

Првите фотографии од левата страна ја прикажуваат „работната околина“ на фотографот, а вторите од десно го разоткриваат финалниот резултат, поради кој нема да можете да им поверувате на очите.

Целта на овој проект е да се прикаже пред пошироката јавност големата улогата на Фотошоп во професионалната фотографија, но и да се анализираат вистинските агли и техники коишто се применуваат за да се уловат совршените фотографии. Погледнете со свои очи и уверете се сами во неверојатната разлика.

Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии Овој фотограф ги изненадува луѓето ширум светот со позадината на неговите фотографии

Фотографиите продолжуваат на втората страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар