Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за каков што сите сонуваме

Запознајте ја Лора Џејн Кларк, талентирана архитектка чиишто визија и решителност ѝ помогнале да претвори напуштен подземен јавен тоалет, во дом каков што отсекогаш фантазирала да создаде.

Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за кој сите сонуваме

Еве како започнала оваа интересна и нетипична приказна. Лора е архитектка од Англија, специјализирана за станбени конверзии, проширувања и новоградби. Таа воедно е и дизајнерка на мебел и ентериер, во соработка со разни други дизајнери и уметници. Има освоено неколку награди, коишто го прославуваат нејзиниот креативен и иновативен пристап во дизајнот и архитектурата.

Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за кој сите сонуваме

Лора првпат ги има забележано напуштените јавни тоалети во 2005 година, кога таа се доселила во Лондон.

„Отсекогаш ме фасцинирала идејата за микропреобразба бидејќи, според мене, на овој начин се оживуваат градби со интересна историја, коишто се напуштени и заборавени“, изјавила таа за Телеграф.

Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за кој сите сонуваме

Кога им кажала на нејзиното семејство и пријателите, дека планира да пренамени напуштен јавен тоалет во апартман со една спална соба, како одговор добила сосема различни реакции, што е и очекувано кога ќе ги погледнеме фотографиите. Некои ја критикувале, други сметале дека тоа е хорор идеја, а трети се смееле, но ништо од сето тоа не влијаело таа да се посомнева во себе, ниту во еден момент.

Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за кој сите сонуваме

Како и да е, патот до преобразбата на тоалетите во апартман од соништата, не бил воопшто едноставен. Тие биле изградени во далечната 1929 година, а последен пат биле користени во 80-тите. Не е ни за чудење што требало да се направат многу подготвителни работи како што се демолирање и чистење, за да се претвори оваа одамна напуштена градба во пристојно градилиште.

Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за кој сите сонуваме

Местото на почетокот изгледало многу морничаво, бидејќи било преполно со ѓубре, но со заеднички вложен труд од страна на градежниците и работниците, Лора успеала да го стартува нејзиното долго патување, кон создавање на удобен дом за којшто сите сонуваме.

Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за кој сите сонуваме

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар