Неверојатни фотографии кои ќе ве натераат да погледнете два пати

Пред неколку години, шпанскиот фотограф Кема Мадос објавил колекција црно-бели фотографии кои ги претставуваат различните субјекти и објекти на надреалистичен начин со што привлекол огромно внимание ширум светот. Денес, тој продолжува да воодушевува со овие неверојатни илузии. Роден во 1958-тата година и со неколку значајни проекти зад неговото име, Мадос е доста скромен за своите фотографии, дури и кога му се поставуваат директни прашања.

25 неверојатни фотографии кои ќе ве натераат да погледнете два пати

„Факт е дека не размислувам за реакцијата која ќе ја поттикнат моите фотографии кај гледачот. Барам слики кои ме допираат и кои будат чувства во мене дека правам нешто поразлично. Сакам да можам да застанам пред моите фотографии и да помислам дека можам да комуницирам со нив. Ако една фотографија ми вели нешто, тогаш се чувствувам самоуверено и помислувам дека ќе има и други луѓе кои ќе го искусат истото“, вели тој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар