Хороскопските знаци откриваат: Каква е вашата смисла за хумор?

Сите имаме смисла за хумор, но таа кај секој човек е различна. Исто така, луѓето реагираат на смешните работи на различен начин: Некои дискретно се насмевнуваат а некои, пак, се смеат толку многу што одвај можат да земат воздух. Пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте каква е вашата смисла за хумор.

Вашиот хороскопски знак открива: Каква е вашата смисла за хумор?

Овен

Овните обожаваат физички хумор и користат многу гестикулации и изрази на лицето кога кажуваат некоја шега или имитираат нешто. Тие исто така се големи љубители на зајадливите шеги по кои секогаш се прашуваат зошто само тие се смеат.

Бик

Вие сакате да гледате смешни работи. Омилен начин на поминување на слободното време ви е да седите дома и да гледате хумористични серии. Кога не се ни обидувате, знаете да бидете смешни со вашите ненадејни и необични опсервации.

Близнаци

Вие навистина уживате во смешните приказни и анегдоти. Тоа не е ни чудно поради вашата комуникативна и зборлеста природа. И самите сте многу досетливи и забавни. Вашиот брз ум преминува од шега на шега, согласно со ситуацијата и смислата на хумор на лицето со кое разговарате. Вие имате одлична смисла за хумор!

Рак

Вашата смисла за хумор подразбира исмевање на сопствените недостатоци. Најсмешно ви е кога изведувачот се исмејува самиот себе и сопствените маани и непријатни ситуации за да постигне комичен ефект. Со оваа смисла за хумор вие сте навистина симпатични и неодоливи. Најсмешни сте кога правите забавни фаци или кога се преправате дека сте лути, а всушност не сте.

Лав

Вие сте главниот кловн помеѓу хороскопските знаци бидејќи сакате да ги смеете сите и да бидете во центар на вниманието. Стенд-ап хуморот е идеален за вас бидејќи вие сте единствената личност во која сите очи се вперени – рај за секој Лав! Вие сте урнебесно смешни и одлично ви одат импровизации. Се чини дека можете да направите што било да биде смешно, дури и она што не е.

Девица

Сарказам е хуморот што најмногу ви прилега. Кога сте саркастични, мора да внимавате другите луѓе да не ве доживеат како премногу сурови, па затоа најдобро е вашиот хумор да го применувате кога луѓето можат да ви го чујат гласот и да го видат изразот на вашето лице. Немојте да се обидувате да бидете смешни во пишан говор, затоа што луѓето нема да ве разберат и ќе се навредат.

Вашиот хороскопски знак открива: Каква е вашата смисла за хумор?

Вага

Вие обожавате „тоалетен“ хумор. Не можете да се соземете од смеење секогаш кога ќе чуете шега за прдеж или друга телесна функција. Не само што прскате од смеење во моментот, туку за истото се смеете дури и неколку дена подоцна кога случајно ќе се потсетите на тој комичен момент.

Скорпија

Вие имате многу мрачна смисла за хумор која е често остра и саркастична. Она што вам ви е смешно, дефинитивно не е смешно за секого. Меѓутоа, се чувствувате малку супериорно кога можете да го пронајдете хуморот на места каде што не секој може истото да го направи.

Стрелец

Се вели дека Стрелците имаат најдобра смисла за хумор во целиот Зодијак. Вие имате дарба да го пронајдете хуморот во секоја можна ситуација од животот. Ја обожавате комбинацијата од опсервациски хумор, сарказам и преувеличување.

Јарец

Вие сте мајстори на сувиот хумор и понекогаш изгледа како нешто воопшто да не ви е смешно додека не се насмевнете благо или не ја поткренете веѓата. Британците се познати по нивната многу сува смисла за хумор. Колку пати ја имате изгледано оригиналната британска верзија на ТВ серијата „Канцеларија“ (Тhe Office)?

Водолија

Вие сте неконвенционални и креативни, па затоа не е ни чудно што имате малку откачена смисла на хумор. Вие сте природно смешни и не морате ниту да се обидувате да изигрувате комичар, поради што честопати останувате изненадени кога ќе кажете нешто што ќе ги насмее другите.

Риби

Најдобриот хумор за вас е досетливиот хумор бидејќи сте многу интелигентни и паметни. Вие го разбирате суптилниот хумор кој не е очигледен за повеќето луѓе. Разбирливо е тоа што понекогаш вие сте единствените што се смеете на некоја шега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар