Моќен спој на жолто и црно: Модерни велигденски декорации

Дизајнерите се согласија: Комбинацијата на црната и жолтата боја несомнено оддава префинета елеганција, чувство на удобност и опуштеност, како и топлина во домот. Па, ако годинава сакате да бидете малку поразлични и помодерни, насочете се кон минимализмот, како и кон футуристичките правци во декорирање на ентериерот. Црпете енергија од следниве примери и осветлете го вашиот дом за велигденските празници.

Црно-жолтите комбинации создаваат амбиент на префинета елеганција, а сивите и белите детали додаваат отменост на целиот ентериер, заедно со декорациите.

Повеќето дизајнери сметаат дека ова е најефикасниот спој на бои што постои.

Експертите советуваат дека темножолтата боја во комбинација со кафената, сината и зелената ќе зрачи со енергија, сонце, сила и виталност, и на секој посетител ќе му предизвикува чувство на топлина и ведрина.

Сивата како додаток на оваа елегантна комбинација претставува ексклузивност и се врзува со креативноста и инспирацијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар