Поучна приказна: Професорот, студентите и невозможниот тест со црна точка

Еден ден, еден професор влегол во својата училница и побарал од студентите да се подготват за непланиран тест. Тие се загрижиле и анксиозно ги очекувале тестовите на празните клупи пред нив. Професорот почнал да дели листови свртени наопаку, како и секогаш порано, и откако ги поделил сите побарал од студентите да ги свртат и да почнат. Сите останале без зборови кога забележале дека нема прашања, туку само една црна точка на средината од листот.

Поучна приказна: Професорот, студентите и невозможниот тест со црна точка

Професорот го забележал збунетиот изглед на сите студенти и им објаснил: „Сакам да напишете што гледате таму.“ Збунетите студенти брзо почнале да ја решаваат необјаснивата задача. На крајот од часот, професорот ги собрал сите тестови и почнал на глас да ги чита пред самите студенти. Сите тие, без исклучок, ја опишале црната точка и нејзината позиција на средината од листот хартија.

Откако ги прочитал сите одговори, во училницата завладеало тишина. По краток молк, тој продолжил: „Нема да ве оценувам за ова, само сакав да ви дадам нешто за размислување. Ниту еден од вас не напиша ништо за белиот дел од хартијата. Сите се фокусиравте на црната точка, бидејќи истото го правите и во животот. Ние имаме огромна бела хартија што можеме да ја набљудуваме и да уживаме во неа, но наместо тоа се фокусираме на црната точка. Секогаш имаме причини за славење – од самата природа, до пријателите, работата и чудата што секојдневно се случуваат. Но и покрај тоа, најголемо внимание им придаваме на црните точки – на здравствените проблеми што нè мачат, на недостигот пари, на комплицираните врски, на незадоволството од пријателите… Тие се толку мали точки во однос на сè останато во нашиот живот, што чудно е како воопшто ги забележуваме. Уживајте во позитивните страни на животот, без разлика на препреките на коишто наидувате. Бидете среќни и позитивни!“

Поука: Како што професорот добро објаснил, животот се состои од добри и лоши нешта, па сите ние имаме позитивни и негативни искуства. Но мора да се фокусираме на доброто доколку сакаме да водиме здрав и среќен живот. Времето минува без разлика дали го трошите размислувајќи на проблемите или уживајќи во добрите нешта.

Расположени сте за уште една поучна приказна? Прочитајте зошто професорот им направил кафе на студентите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар