Мини канцеларии: Прекрасни идеи со кои ќе уживате во работата од дома

Зборот канцеларија веднаш асоцира на голема просторија сместена во некоја зграда, која најчесто се дели со повеќе колеги. Но, денес пристапот кон работата полека се менува. Благодарение на Интернетот и социјалните мрежи, сè поголем број луѓе се одлучуваат за работа од дома. Ние ви нудиме неколку едноставни, но прекрасни идеи за уредување на домашна мини канцеларија. Овие фотографии докажуваат дека за удобна и пријатна работна атмосфера не ви е потребен голем простор, туку со малку фантазија и креативност, тоа може да биде само едно ќоше од вашиот дом. Создадете си минијатурна домашна канцеларија која ќе биде ваша инспирација и во која ќе уживате додека работите.

(1) Мини канцеларии: Прекрасни идеи кои ќе ве натераат да работите од дома

Сè е бело – одберете маса, полици и столица во истата боја како ѕидот, за визуелно да го отворите работниот простор

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар