5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет

За еден човек да стане вистински самостоен и способен да порасне како стабилна личност, треба да работи многу повеќе на себе отколку само да присуствува на редовната училишна настава. Иако образованието воведува одредени подобрувања, сепак, тоа не е доволно. Животот нуди различни предизвици, а вие самите треба да се подготвите за справување со нив. Зачудувачки е како понекогаш дипломирани студенти не можат да се снајдат во најобични, секојдневни ситуации, како што е на пример плаќањето сметки, пазарување и слично. Погледнете ги овие 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не е најважното нешто во вашиот живот.

1. Ви ја гуши љубопитноста

Некои уште како мали имаат развиено склоности кон одредени области и потоа се усовршуваат во истите, но на оние коишто сѐ уште ги немаат откриено своите таленти, учебните години не им оставаат доволно простор за да истражуваат. Општиот проблем се согледува во материјалите коишто тие ги имаат за учење, приготвувајќи се за претстојните тестови, при што им е згушена нивната љубопитност. Со цел да го избегнете ова, трудете се никогаш да не го запрете развојот на своите вештини и да работите на вашите таленти, бидејќи тоа е она што ќе ви донесе успех во животот.

2. Методите на учење не се прилагодливи на сечии интереси

Начините на коишто се тестира знаењето на учениците не се секогаш корисни. На пример, оценувањето за пишување на есеј не е секогаш најдобриот начин да се прикажат нечии квалитети, пред сѐ поради тоа што не секој е вешт да го стори тоа. Всушност, некому пишувањето есеи понатаму во животот му е речиси бескорисно. Иако ова не можете да го смените, ваше е да ги истражувате опциите коишто ви се на располагање. Размислете добро за тоа каде ќе го продолжите своето образование.

3. Недостаток од вештини за готвење

Последно, но не и помалку важно, е што училиштето не ве учи на вештини поврзани со вашиот дом, како што е вештината на готвењето. Секој има потреба од храна, но речиси повеќето се збунети кога влегуваат во кујната, а особено доколку треба да користат садови за готвење.

4. Немате доволно познавања од домашните работи

Завршивте со школување и време е да станете независни. Но, понекогаш доаѓаат ситуации каде што се соочувате со недостаток од знаења и вештини во врска со домашните работи. Никогаш во животот не сте допреле шрафцигер, а треба да го поправите скршениот стол? Е тогаш е проблем. Затоа, настојувајте додека се школувате да не бидете насочени само на тоа. Обидете се да стекнете и нови вештини коишто понатаму во животот многу ќе ви користат.

5. Не умеете многу да управувате со вашите финансии

Иако постојат и исклучоци, сепак, повеќето студенти кај нас се на финансиски товар на фамилијата. Па, ним не им е целосно познат начинот на управување со расположливите финансиски средства, секако, освен ако не избрале да студираат економија каде што учат како да управуваат со парите, заштедата и инвестициите. А ова може да биде сериозен проблем кога доаѓа зрелата фаза во животот.

Секако дека училиштето не треба да се занемарува или пак да се потценува неговата вредност, но запаметете дека постојат уште многу вештини коишто треба да ги усовршите за да се снаоѓате понатаму во животот, а коишто не ви ги нуди училиштето. Преземете ја иднината во свои раце и создадете ја токму таква каква што сте ја замислувале. Имате доволно време за сѐ, се разбира, доколку го планирате правилно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар