Бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата

Сите кога сме биле деца, сме верувале во некои чудни митови поврзани со сексот и со тоа од каде доаѓаат децата, но изгледа нашите предци биле уште позбунети кога станувало збор за процесот на размножување. Дури и најголемите научници и филозофи не можеле да ги откријат тајните на овој интимен биолошки процес. И денес кружат голем број митови во кои луѓето веруваат, како на пример дека не може да се забремени во топла бања, но овие митови од минатото се уште побизарни од нив! Прочитајте ги најчудните митови поврзани со сексот во кои луѓето порано навистина верувале…

Кивањето може да ја спречи бременоста

Бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата

Грчкиот доктор Соронус ги советувал жените дека наместо да носат амајлии за да се заштитат од несакана бременост, треба да киваат и скокаат горе-долу бидејќи тоа било единствената гарантирана контрацепција. Тој верувал дека на тој начин семената течност ќе излезе од вагината, но за да бидат сигурни им препорачувал на жените темелно да ја измијат вагината по чинот. Во античка Грција, за да се заштитите од несакана бременост, доволно било да помирисате малку бибер и да се избањате.

Велосипедите предизвикувале неплодност кај жените

Бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата

Во доцните 1800-ти велосипедите не биле толку омилени меѓу луѓето. За жените не било препорачливо да возат велосипед бидејќи се верувало дека тоа може да предизвика неплодност, како и оргазам. Но, постои скриена причина зошто се обидувале да ги исплашат жените од возењето велосипед. Имено, тие им давале чувство на слобода, така што таа апсурдна поврзаност меѓу велосипедите и неплодноста не биле заснована на вистински научни докази.

Мали луѓе живееле внатре во семената течност

Бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата

Научниците Јохан Хам и Антони Ван Левенхук се сметаат за едни од првите микробиолози. Тие ги откриле сперматозоидите во 1677 година откако ги виделе под микроскоп и развиле теорија дека вистински луѓе живееле внатре во семената течност и дека жените не се воопшто потребни за зачнување.

Духовите од бебињата живееле во овошјето

Бизарни митови поврзани со сексот во кои верувале луѓето низ историјата

И не само тоа! Жените можеле да забременат ако го јадат тоа овошје. Никогаш повеќе нема да го гледате овошјето на ист начин!

Погледнете го следното видео за уште неколку бизарни митови поврзани со сексот кои ќе ве остават вчудовидени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар