Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Љубителите на текила не само што ќе го пијат омилениот пијалок од самиот извор, туку и ќе поминуваат време во бурињата. Станува збор за хотелот Хотел де Барикас, што значи „хотел со буриња“. Сместен е во дестилерија која произведува 15 000 литри текила секој ден.

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Уникатниот хотел се наоѓа во околината на градот Текила, од каде потекнува споменатиот пијалок. Хотелот има 30 големи буриња претворени во соби, а има и четири стандардни Silver King соби. Од хотелот велат дека на ова место текилата може да се „дише, вкусува и чувствува“.

Иако бурињата не изгледаат посебно однадвор, внатрешноста сепак е луксузна. Секој од нив содржи ТВ и клима уред, плакари, мини бар, па дури и џакузи во една од собите. Цените се движат од 160 евра па нагоре.

Во близина на хотелот има импресивна дестилерија, каде гостите можат да уживаат во дегустација на текила. Исто така постои и подземен ресторан сместен на 4,5 метри под земја и сервира традиционални мексикански јадења со различни коктели со многу текила.

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Мексикански хотел нуди сместување во буриња со текила

Прочитајте и за овој музеј во кој ќе уживаат сите љубители на чоколадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар