Интервју со уметникот Славчо Максимовски

Интервју со уметникот Славчо Максимовски

Автор: Симона Ристоска

Талентиран, интелигентен и неверојатно освестен млад човек, Славчо Максимовски (23) е пример за посветеност и љубов кон уметноста. Моментално ја привршува својата дипломска работа на Факултетот за уметности, при Државниот Универзитет во Тетово, а за себе вели дека не постои нешто друго во животот што би можел да го прави.

„Не знам и не можам да се занимавам со нешто друго освен со креативна работа, првенствено сликарството“

Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиСтудирал на отсекот графика, а за својата дипломска работа се одлучил за темата „Погледи“ затоа што како што вели самиот, кај луѓето најважно му е она што имаат да го кажат очите.

„Погледот и бојата на гласот е она што ми останува во сеќавања секогаш кога запознавам некого“.

Иако мислев дека најголем дел од нашиот разговор ќе се врти околу неговото сликање, Славчо успеа на интересен начин да ја поврзе неговата пасија за уметноста, со сè што го опкружува и ми дозволи барем за кратко да гледам на светот преку неговите очи. Дел од разговорот и повеќе за неговото сликарство можете да прочитате подолу.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиОд каде произлезе интересот за сликарството? Од кога почна да се занимаваш со четките и платното?

Хмм… не би знаел да кажам кога бил почетокот, но мислам дека интересот за уметност кај мене постои од кога знам за себе. Веројатно почетокот бил со некои чудни и апстрактни детски цртежи и уште како мал ме има маѓепсано нејзиното височество бојата, гледајќи како сликарите се забавуваат и креираат со истата. Си чува таа во себе една посебна и чудна страст. Убава е и нуди многу! Може многу да ти открие ако почнеш да другаруваш со неа.

Прво неа ја засакав, четките ми се пријателчиња од детството, а платното ми стана пријател во подоцнежните години во основно училиште. Ама вистински пријател, ако знаеш што да кажеш и што да прашаш, ти дозволува некогаш да го галиш, а не ти се лути ако понекогаш врз него ја истуриш својата агресија. Супер е…Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиШто е она што преовладува во твоите дела? Дали е важно само да нацрташ нешто убаво или да пренесеш некоја порака, да побудиш некоја емоција…?

Уметноста во суштина се раѓа преку емоција! И секако е тука за преку неа уметниците да пренесат одредена порака и свој став. А јас се трудам да сум уметник на своето време и го сликам секојдневието онака како што јас го чувствувам и гледам, затоа што мислам дека времето на излитени и банални слики на мртва природа одамна е поминато. Во денешно време уметноста си бара поинакви начини за да ја каже својата порака. Го сакам потемниот колорит, особено црната боја, можеби е чудно, но дава душа и е премногу силна.

Си имал ли можност да бидеш дел од некоја изложба?

До сега сум учествувал само на групни изложби, но се надевам дека желбата за самостојна изложба ќе ми се исполни во најскоро време.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиСите кои се занимаваат со каков било облик на уметничко изразување обично имаат некоја личност која на некој начин ги поттикнала, инспирирала… Кои се твоите идоли? Од каде ја црпиш инспирацијата?

Ако морам да изберам некој кој би го вброил меѓу своите идоли, тоа сигурно би бил великанот Дирер. Ме фасцинира неговото творештво и мислам дека е еден од најдобрите примери за секој млад уметник. Од нашиве би ги издвоил Петар Мазев и Владимир Георгиевски, сликари кои страшно многу ги почитувам.

Инспирацијата е насекаде околу нас, некогаш ја има повеќе некогаш помалку, но ја има… си доаѓа од секојдневни настани до кои сетилата допираат, инспирација е животот, луѓето, нивните судбини, радости или страдања. Инспирација секако е и некоја убава музика, таа и уметноста си имаат своја чудно поврзана интима и суптилна енергија, едната преку звук и мелодија, а другата преку светлината. И ќе го заборавев најважното, најубавото и највозвишеното – жената! Како вечен и бескраен мотив и инспирација… сепак, јаготката доаѓа на врвот од шлагот… хехе…Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиКреативните луѓе секогаш наоѓаат нови начини да се изразат. Имаш ли други вентили освен платното?

Има многу можности за да се креира нешто, не мора да е само на платно, треба само да си ја пуштиме нашата фантазија – таа прави чуда. Како и да е, јас сум млад и сакам да експериментирам. Сакам стрит арт и боди арт, тоа знае секогаш да биде супер предизвик. Но, уживам и во убава фотографија и добра поeзија.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиВерувам дека сите твои дела ти се драги, но има ли некое за кое си особено приврзан?

Секоја слика си има свое значење и со себе си носи свое време, одредена вредност и чувства и неблагодарно е да се споредува. Но, кога би морал да издвојам една, постои една слика која е доста стара, некаде од средношколските денови и кога некој друг би ја перцепирал би помислил нешто сосема друго, но за мене, иако можеби не е ништо посебно, има преголемо значење, така што мислам дека не би ја продал за ниедни пари на светов.

Кои се твоите планови за во иднина?

Планови… секој од нас ги има, но јас ги мразам! Ги мразам затоа што сè она за кое премногу планираме, се надеваме, сè она што нè опседнува и навечер нè остава без сон, токму таму лежи најголемата фрустрација ако не се исполни. Плановите се лоши, а случајностите се слатки и убави! Времето ќе си покаже, сè се случува со некаква причина, така што сега тишината што ја дава молкот е совршено убава.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиИнтервју со уметникот Славчо МаксимовскиМислиш ли дека може да се заработува од сликарството во Македонија?

За прашањево…  Само ќе се насмеам, затоа што, немам намера да плачам… хехе… Верувам дека ќе дојдат барем малку поубави денови за културата во ова наше просторче, дека ќе се потрудиме да станеме нормални и да си го цениме своето. Крајно време е веќе, се надевам дека можеме да бидеме паметни и да го погребаме мизерниов ужас, за да се радува културата и да може да дише спокојно.Интервју со уметникот Славчо МаксимовскиЛиковна култура кај нас?

Мислам дека во последно време сè повеќе има млади кои се интересираат за уметноста, сакаат да ги посетуваат галериите и се трудат да успеат да видат, а тоа е супер. Менталитетот е таков како што е, но мислам дека мора сами да си го средиме тоа.  Лошо е тоа што сè што е однадвор го прифаќаме како нешто  „добро“. Но, како и да е, без позитивна мисла не може, па така надежта е дека доаѓа полека, но сигурно.Интервју со уметникот Славчо Максимовски


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар